1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вториот мандат на Обама не е под среќна ѕвезда

Антје Пасенхајм/ Жана Ацеска21 ноември 2013

Неуспеси, потфрлања, застој - вториот мандат на претседателот Барак Обама не е под среќна ѕвезда. Дали проблематичните теми како здравствената реформа или аферата со НСА ќе се претворат во лична катастрофа?

https://p.dw.com/p/1ALvD
Фотографија: Reuters

„Come on Baby, don't you want to go?" Она што Барак Обама си го потпевнуваше не толку одамна, денес звучи речиси претскажувачки: претседателот Источната соба на Белата куќа ја претвори во блуз-катче, но блузот како да го стигнува него самиот. Според актуелната анкета на ТВ Си-Би-Ес од вчера (20.11), омиленоста на Обама кај народот падна на 37 проценти. Тоа е рекордно ниско ниво од неговото доаѓање на функцијата.

Спротивно на неомилениот Џорџ Буш, Обама имаше висок рејтинг, но сега ги достигна бројките на својот претходник од неговите најтемни времиња. Еден републикански пратеник во Конгресот изјави: „Она што нам не ни успеа во шест години, сега го постигна неговиот омилен проект Обамакер“.

Престижен проект?

Здравствената реформа, која требаше да биде најважниот проект во мандатот на Барак Обама, според експертите, на претседателот му ги причини најголемите политички штети од сите други проекти заедно.

Владината веб-страница за здравство, што на 1. октомври требаше помпезно да стартува, беше чисто промашување. Милиони фрустрирани Американци до денес попусто се надеваат на најавеното здравствено осигурување. Дали страницата, како што е најавено, до крајот на месецот ќе проработи, е прашање.

Obama Rede Obamacare
Фотографија: Reuters

Обамакер е само една од работите кои не одат како што треба. Исто така и аферата НСА, континуираниот спор околу буџетот, како и застојот во клучните закони како реформата на доселувањето или правото на купување и користење оружје, не го постигнаа ефектот.

„Неизмерно сум разочаран“, вели еден граѓанин кој гласал за Обама.

„Оваа здравствена реформа има премногу проблеми кои мора да бидат решени, а тоа на товар на даночните обврзници“.

Една жена е исто така револтирана:

„Се случува токму тоа што го очекував, не сум изненадена“.

„Сега е доста. На претседателот Буш своевремено му се префрлаше за потфрлања при санирањето на последиците на природната катастрофа. Но, Обама самиот ја предизвика катастрофата“.

Историјата се повторува

Но, во Конгресот не сите ја префрлаат вината врз претседателот.

„Овде се работи за тоа што првпат во историјата имаме претседател со црна боја на кожата. А во оваа земја се‘уште постои голем остаток на расизам“, смета еден Американец.

На многумина, потврдува и една Афроамериканка, едноставно им е мил неуспехот на претседателот.

Она што Обама моментно го доживува, е негова одговорност поради неговата политика. Но од друга страна, ова е повторување на историјата, смета коментаторот на ситауцијата во Белата куќа, Џон Гизи од интернет весникот Њусмакс, близок до Републиканската партија.

„Со генерации доаѓа до овој необјаснив рапиден пад на популарноста во вториот мандат на претседателите“, укажува тој во разговор за Дојче веле.

Претседателот Хари Труман, на пример, по триумфалната победа во 1948. година со контрола над двата дома во Конгресот, доживеа пад.

„Скандали, работнички штрајкови, Корејската војна, секој кој работеше за него, би рекол: вториот мандат беше катастрофален“, вели Гизи. Истото беше и со Џорџ Буш.

„Од ураганот Катрина, до колапсот на Вол стрит во 2008. година“.

Obama und Bush gedenken Opfer Anschlag US Botschaft in Dar es Salaam 1998
Барак Обама - слична судбина со Џорџ Буш?Фотографија: Reuters

Тажен блуз на вториот мандат

А за Обама токму сега почнува ова „проклетство на вториот мандат“. Ниската стапка на популарност е почеток, смета Гизи.

„Првпат гледаме бунт во неговата сопствена партија“, вели Гизи, мислејќи на 39 пратеници - демократи кои неодамна гласаа за ослабување на здравствената реформа, за тоа на граѓаните прво да им се остави можноста да ги задржат нивните стари договори за осигурување.

„Една петтина од демократите во Претставничкиот дом му забија нож во грбот на Обама“, вели Гизи. Нивниот број може да се зголемува, ако сметаат дека е загрозен нивниот реизбор во Претставничкиот дом на меѓуизборите идната година. Тогаш Обама може да се најде во тесно, оценува Гизи.

„Зашто, во 2014. година на реизбор се двојно повеќе демократски сенатори отколку конзервативни, трката за мнозинство во Сенатот значи е исто така со неизвесен исход“.

Ако демократите го загубат водството и во помалиот, но моќен дом на Конгресот, Обама ќе биде целосно парализиран.

Сличен песимизам е присутен и кај политикологот Кајл Кондик од универзитетот Вирџинија.

„Ако популарноста на Обама и натаму паѓа под 40 проценти, неизвесен и добриот пласман на демократите на меѓуизборите“, вели тој за Дојче веле.

„Можеби републиканците ќе добијат мнозинство во двата дома на Конгресот“.