1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вуковар - последната клапа

3 март 2006

Да се раскаже се она што се случуваше во пролетта, летото и есента 1991 година а потоа да им се пружи можност на луѓето од двете страни да зборуваат се чини речиси невозможно. Но токму тоа го направија авторите на филмот „Вуковар- последна клапа“ – прв српско-хрватски документарен филм

https://p.dw.com/p/AeTR

За трагедијата во Вуковар

Продукцијата на филмот е на белградската медиумска куќа Б92, а работен е според сценариото на хрватскиот новинар Драго Хедла, кој беше и водач на српско-хрватскиот новинарски тим што работеше на филмот.

„Ние ги пуштавме соговорниците да го раскажат својот дел од приказната и им препуштивме на гледачите самите да оценат , кој зборуваше поблиску до вистината. Во филмот нема наратор или пак коментатор , кој објаснува што гледаат гледачите во моментот . Целиот филм е гарниран со документарни снимки кои верно го прикажуваат она за што сведоците говорат или се обидуваат да го објаснат“

Ова не е обична телевизиска репортажа за Вуковар денес и пред 15 години, туку филм во кој актерите во злосторството се повторно на местото каде што се случила трагедијата . Некогаш дури и во ист кадар- вели продуцентот на филмот, директор на телевизијата Б92 Веран Матиќ истакнувајќи:

„Самата приказна со мешовитиот тим, е обид да добиеме филм кој нема веќе во стартот да биде дискредитиран како српска или хравтска верзија на војната. Фактот дека имаме заеднички тим и оти сме се обиделе да ги артикулираме двата аспекта и двете гледишта всушност е обид филмот да биде поупотреблив отколку што би бил кога во него би била застапена само едната страна“

Истражувањето околу филмот опфаќаше и прегледе на архивата на најважните хрватски медиуми во тоа време , како и неколку приватни архиви со аматерски видео снимки. Слична истражувачка работа беше направена и во Србија , но тамо поголемиот дел од материјалот е сеуште под ембарго , поради хашките обвиненија за дел од српските учесници во вуковарската трагедија .

Ова е филм што ги прикажува сведочењата и ставовите на двете спротиставени страни . Но тој никако не ја изедначува вината , ниту пак се обидува да постигне некаква рамнотежа, бидејќи сите знаеме што се случуваше во Вуковар – заклучува Драго Хедл:

„Ние дадовме само едно гледиште на луѓето што учествуваа во одбраната на Вуковар. Се трудевме да дадеме што поавтентични работи и се надевам дека во тоа и успеавме . Ќе ни биде драго ако некој по нас направи филм кој ќе преставува и чекор напред“

Веран Матиќ , вели дека со овој филм е направен обид да биде исправена медиумската неправда спрема Вуковар:

„Имам впечаток дека Вуковар и вуковарската трагедија се некако запоставени. Најверојатно поради тоа , бидејќи таа се случуваше на почетокот од војните а потоа злосторствата само се редеа и надоградуваа едно на друго. А злосторствата што се први направени , како што беше случајот со Вуковар , постојано паѓаат во заборав“