1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

250 илјади луѓе во бегство

СН/ат/дпа/афп14 февруари 2014

По ерупцијата на вулканот Келуд на главниот индонезиски остров Јава, речиси четвртина милион луѓе се принудени на бегство. Три меѓународни аеродрома се затворени поради густиот пепел што го исфрла вулканот.

https://p.dw.com/p/1B8NP
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Според наводите на локалните власти, две лица кои живееле во близина на вулканот Келуд загинале, откако нивните куќи се урнале под тежината на шутот, камењата и пепелот исфрлени од вулканот. Големи делови од градот Сурабаја, втор по големина во Индонезија се покриени со покривка од пепел висока по неколку сантиметри. Градот се наоѓа на неполни 100 километри североисточно од Келуд. Ерупцијата го попречи и воздушниот сообраќај. Три меѓународни аеродрома се затворени- покрај оној во Сурабаја и оние во Соло и Јогјакарта. Авионската компанија Вирџин, Австралија ги презакажа за сабота летовите меѓу Сиднеј и Џакарта.

Локалните власти работат со засилено темпо за целосно да ги евакуираат местата кои се наоѓаат во зона од околу десет километри одалеченост до вулканот. Таму според наводите на индонезиската службата за заштита од катастрофи живеат околу 250 илјади луѓе. „Сѐ уште имаа ерупции на Келуд, но тие се помали“, изјави портпаролот службата, Сутопо Нугрохо.

Келуд важи за еден од најопасните вулкани на островот Јава. Од 1500 година наваму при неговите ерупции загинале околу 150 илјади луѓе. Во Индонезија има вкупно речиси 130 активни вулкани, како во ниту една друга земја во светот.