1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гадафи бара „атрактивни Италијанки“ во Рим

16 ноември 2009

Либискиот претседател Моамер Ел Гадафи привлече големо внимание на самитот за храната во Рим, не поради неговите ставови искажани за време на официјалниот дел, туку поради однесувањето надвор од конференциската сала.

https://p.dw.com/p/KYMz
Моамер Ел ГадафиФотографија: picture-alliance/ dpa

Владата на либискиот претседател Моамер Ел Гадафи објавила оглас во италијанските весници со посредство на агенција за хостеси, во кој барала „200 атрактивни Италијанки“ на возраст меѓу 18 и 35 години на кои им биле ветени по 60 евра и подароци доколку се појават на забава во една локална вила. На забавата се појавил лично Гадафи, кој на жените им дал по една копија од Коранот, им одржал предавање за Либија и им понудил да преминат во Ислам. Клучниот аргумент кој им го понудил Гадафи на жените за промена на верата, бил дека Исус Христос всушност и „никогаш не бил распнат, туку дека некој кој наликувал на него бил ставен на крстот“. Либискиот амбасадор во Рим, за агенцијата АНСА, изјави дека се планираат и други вакви забави за време на тридневниот престој на Гадафи во земјата. Скандалот го откри италијанска новинарка која се пријавила на огласот и анонимно присуствувала на забавата.

Gaddafis Leibwache
Ова е женскиот дел од обезбедувањето на ГадафиФотографија: dpa

Автор: БГ/ЖА/ројтерс

Редактор: Жана Ацеска