1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Галатасарај го елиминираше Шалке

ЕМФ/дв/миа/макфакс13 март 2013

Шалке 04 е елиминиран од фудбалската Лига на шампиони. Во натпреварот против Галатасарај Истанбул судбината на германскиот тим беше запечатена токму од бивш фудбалер на Шалке.

https://p.dw.com/p/17vtG
Фотографија: picture-alliance/dpa

До самиот крај - голема борба на теренот. Сепак, Шалке 04 на крајот беше поразен со 2:3 од Галатасарај. Турскиот тим првпат влегува во четвртфинале на Лигата на шампиони.

Турскиот шампион подобро го почна натпреварот, но иницијативата не успеа да ја круниса со гол, Шалке во моментите кога беше инфериорен стигна до водство. По корнерот на Фарфан, Ховедес со глава упати удар, на топката натрча Нојштатер и го совлада Муслера.Но, славјето во гелзенкирхентраеше кратко. Истанбул за само неколку минути направи пресврт. Токму Хамит Алтинтоп, екс играч на Шалке, израмни на 1:1 во 37. минута од натреварот, а само епт минути подоцна Бурук Јилмаз (фото горе десно) по малку среќно погоди за 1:2. Со оглед на резултатот од првиот меч, 1:1, Шалке во второто полувреме тргна во целосна офанзива, а Галатасарај својата шанса ја чекаше од контранапад. Една лоша реакција на одбраната на Галарасарај ја искористи Учида кој му асистираше на Бастос кој го израмни резултатот. Конечниот резултат го постави Булут во 95. минута од натпреварот.

Champions League FC Schalke 04 - Galatasaray Istanbul
Роман Нојштетер слави по постигнатиот голФотографија: picture-alliance/dpa

Меси и се‘ е можно

Фудбалерите на Барселона, ја надополнија негативата од Милано и изборија пласман во четврт финалето во Лигата на шампиони. Барселона во осминафиналниот реванш целосно го надигра Милан, забележувајќи победа со 4:0 (2:0).

Лионел Меси постигна два, а по еден гол постигнаа Давид Виља и Жорди Алба во победата на Барселона, која во четвртфиналето им се приклучи на Реал Мадрид, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Јувентус.

Champions League FC Barcelona - AC Milan
Лионел Меси постигна два голаФотографија: picture-alliance/dpa

Барселона, притисната од предноста со која Милан влезе во реваншот, уште од почетокот започна офанзивно. Таквиот пристап се исплатеше уште на самиот почеток, кога Меси од работ на шеснаесетникот со прецизен удар го погоди десниот долен агол од голот на Абијати. И по постигнатиот гол домаќинот продолжи со иницијативата, до 15.минута Абијати спаси два сигурни гола по обидите на Меси и Чави. Целосната офанзива, Барселона можеше скапо да ја плати во 38.минута кога Нијанг излезе сам пред Валдез, но наместо мрежата го погоди само дирекот. Веднаш во следниот напад Барселона ја удвои предноста, Меси од 18 метри прецизно биеше и по втор пат го совлада Абијати. Сликата на теренот не се смени ниту во второто полувреме, Барселона ориентирана напаѓачки, Милан потиснат на неговата половина. Давид Виља во 55.минута ја искористи грешката на Констант и откосо од десната страна успеа да пласира во спортивниот агол од голот на Абијати. Најсериозната шанса за постигнување на гол во второто полувреме за Милан ја имаше Робињо, но неговиот обид во последен момент беше изблокиран од Жорди Алба. Бекот на Барселона стави точка на натпреварот во 92. минута кога успеа да го реализира контранападот кој го започнаа Чави и Алекси Санчез.

Денеска (13.03), во осминафиналето од Лигата на шампиони Бајерн Минхен игра против Арсенал, а противник на Порто е Малага.