1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гамбари извести за ситуацијата во Мијанмар

5 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bmru

Специјалниот пратеник на ОН за Мијанмар, Ибрахим Гамбари, го информираше генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, за ситуацијата во таа земја. Гамбари во Мијанмар разговараше со шефот на воената хунта и со лидерот на опозицијата. Тој имаше намера да ги натера воените власти да запрат со насилството врз демонстрантите. Вчера, изненадувачки, режимот во Мијанмар даде понуда за разговори до опозицијата. Шефот на хунтата, Тан Шве, е подготвен да се сретне со Аунг Су Кји, под услов носителката на Нобелова награда претходно, како беше речено, да се откаже од нејзиниот курс на конфронтација.