1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гамбари оствари средба со шефот на хунтата во Мијанмар

2 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Blzx

Специјалниот пратеник на ОН, Ибрахим Гамбари во Јангун се сретна со опозиционата политичарка Аунг Сан СУ Чи. Средбата се оддржала во госитнската куќа на воената влада , соопштија властите. Претходно Габари се сретна и со шефот на хунтата во Мијанмар, Тан Шве. Детали за содржината на разговорите не се соопштени. Претходно, портпарол на ОН изјави дека Гамбари ќе се обиде да ја наговори воената власт да запре со насилството врз демонстрантите и да дозволи почеток на демократски процеси.

Европската унија бара осуда на воената хунта поради задушувањето на демократското движење.