1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гаук засилено се залага за човековите права

АТ/ дпа/ афп31 мај 2013

Почитувањето на човековите права во светот е тема за која силно се залага германскиот претседател Јоахим Гаук. Од тие причини тој ги посети меѓународните судови во Хаг.

https://p.dw.com/p/18hc9
Фотографија: picture-alliance/dpa

Хаг се смета за светски главен град на правдата. Во овој холандски град се наоѓаат седиштата на Меѓународниот кривичен суд, Трибуналот за воени злосторства во поранешна Југославија и Меѓународниот суд, највисокиот суд на Обединетите нации. Германскиот претседател ги посети сите три суда.

Претседателот Гаук притоа повика на засилени напори за заштита на човековите права во светот. На меѓунарондите судови во Хаг тој им вети натамошна германска поддршка. „Доколку сакаме да сториме нешто по прашањата за демократијата и човековите права, тогаш мораме да ги зајакнеме инстанците на правото“, рече Гаук по разговорите во Меѓународниот кривичен суд и во Трибуналот за воени злосторства во поранешна Југославија.

При посетата на Трибналот за воени злосторства во поранешна Југославија, Гаук и неговата делегација беа присутни на процесот против обвинетиот српски генерал Ратко Младиќ. Момир Николиќ, веќе осуден Србин, даваше изјава за деновите на масакрот во Сребреница, кога беа убени повеќе илјади муслимани. Младиќ ја слушаше изјавата. Гаук овој момент во тековната постапка го нарече „многу специјално искуство“.

Еднодневната посета на германскиот претседател Гауг на Хаг следуваше по посетите на меѓународните институции во Женева и Стразбур, кои исто така се залагаат за заштита на човековите права. Со ова германскиот претседател сака да ја подвлече важноста на темата човекови права во неговиот мандат.