1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гаук ја презеде функцијата

19 март 2012

Новоизбраниот германски претседател Јоахим Гаук денеска (19.03) и формално стапи на функцијата, откако вчера беше избран со големо мнозинство гласови во Бундесратот.

https://p.dw.com/p/14Mn8
Фотографија: dapd

„Во дворецот Белви одам со забрзано чукање на срцето“, изјави претпладнево новоизбраниот Сојузен претседател Јоахим Гаук. На прашањето дали повеќе се радува на новата функција или повеќе чувствува респект пред новата должност, Гаук одговори: „Повеќе респект“.

Поранешниот борец за човекови права во ГДР Јоахим Гаук во дворецот Белви беше пречекан од баварскиот премиер Хорст Зехофер, кој кусо време ја извршуваше функцијата Сојузен претседател, како и од досегашниот германски претседател Кристијан Вулф. Вулф пред четири недели поднесе оставка на функцијата поради серија корупциски скандали.

Првото патување на Гаук во улога на Сојузен претседател е во Лајпциг, каде во 1989 година почна мирната револуција. Но тоа нема да биде политички термин, туку тој ќе присуствува на манифестацијата „800 години Томана“, која е посветена на светски познатиот хор Томана.

Новиот претседател ќе положи заклетва во петок (23.03) на заедничка седница на Бундестагот и Бундесратот.

Автор: СН/ЕМФ/дапа/дв

Редактор: Е. М. Фиданоска