1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Генерален штрајк во Грција

ЕМФ/дв/дапд6 ноември 2012

Во Грција денеска (06.11) почна 48-часовен генерален штрајк на кој повикаа синдикатите. Парламентот за законите за санација треба да гласа во текот на утрешниот ден. Најмалиот коалиционен партнер не дава согласност.

https://p.dw.com/p/16dOl

Во болниците и јавниот сообраќај се штрајкуваше уште во текот на вчерашниот ден. Во меѓувреме, во парламентот стигнаа предлог законите на владата за санација. До 2016. година би требало да се заштедат 18,5 милијарди евра. Кратења се предвидени пред се‘ во делот на пензиите. Освен тоа, треба да бидат скратени работни места во јавните дејности и да бидат намалени работничките права. Согласноста на парламентот за законите, која треба да биде дадена во текот на утрешниот ден, е предуслов за натамошна финансиска помош за Грција, на која во спротивно и‘ се заканува банкрот. Најмалиот коалиционен партнер во владата на Самарас, Демократската левица, најави дека нема да даде согласност со предлозите за штедење. „Нашиот став не е променет“, изјави лидерот на партијата Фотис Кувелис вчеравечер.

Конзервативците на Самарас во парламентот имаат 127 од вкупно 300 места, додека социјалистите имаат 32, а Демократската левица 16 места. И без согласност на најмалиот коалиционен партнер, останатите владејачки партии би имале мнозинство гласови.