1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Генетски допинг – нова закана за врвниот спорт

16 ноември 2007

На 3-тата Светската антидопинг-конференција во Мадрид се дискутира за стратегии во борбата против допингот. Претседателот на МОК Жак Рог укажува дека се навестуваат и нови, досега непознати закани, како генетски допинг.

https://p.dw.com/p/CI1E
Од отворањето на Конгресот во Мадрид: досегашниот претседател на ВАДА Ричард ПаундФотографија: picture-alliance/dpa

Допинг-грешниците во иднина ќе можат да бидат суспендирани на четири, а не како досега на две години. Ова го предвидува новиот кодекс против допингот во спортот, кој треба да биде усвоен во Мадрид. Правилата предложени од Светската анти-допинг агенција ќе бидат меѓународно задолжителни. Шефот на германската Национална антидопинт агенција Армин Баумерт се надева дека германската практика ќе послужи за пример. „Врвните спортисти кои се подготвуваат за олимпијадата во Пекинг од 1-ви јануари мора да сметаат на две ненајавени контроли на крвта, а по потреба и на уште исто толку контроли на урината“, рече Баумерт.

Со генетски допинг промена на генетскиот код на спортистите

Голема опасност во иднина се навестува од генетски допинг, на што укажа претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог: „Нареден чекор во борбата против допингот дефинитивно е да се подготвиме за генетски допинг. Тоа е идна закана. Врз ова напорно работиме со најдобри светски експерти, кои велат дека генетскиот допинг не е актуелен денес, но ќе дојде во период од пет до десет години. Многу добра новост е дека според нив има тестови и за тоа“.

Рог појасни за што станува збор: „Тоа се промени на генетскиот код на поединци со инјектирање нови гени, кои на пример ќе продуцираат повеќе хормони, ќе ги направат мускулите посилни и побрзи и дефинитивно ќе предизвикаат промени кај поединецот кои се целосно вештачки“,

Ш. Нестлер / З. Јордановски