1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ген-секот на ОН мора да има дебела кожа

Клаус Даман14 декември 2006

Коментар на Клаус Даман

https://p.dw.com/p/Aduv
Кофи Анан
Кофи АнанФотографија: AP

Помина времето кога Кофи Анан беше омилен кандидат на САД. Анан пружи отпор кон американската влада и за возврат доби жестоки критики.Такво искуство имаше и неговиот претходник, Бутрос Гали. Тој Eгипќанец и стана толку непријатен на владата во Вашингтон, така што таа започна да бара кандидат со кој е полесно да се соработува. Кандидат, кој своите обврски ќе ги сведе само на обврски на генерален секретар. Кофи Анан се чинеше прифатлив, Африканец. Покрај тоа беше и искусен политичар, па и бирократ. Од самиот почеток Анан кај своите потчинети беше во предност. Тој ја градеше кариерата во светската организација почнувајки од самото дно.Освен тоа, првите години оставаше впечаток на погодна личност, репрезентативна, но истовремено и безопасна. Но, Анан оваа улога не ја играше долго. На самиот почеток на војната во Ирак ,Анан и противречеше на тезата на американската влада, според која Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување. Со своето противење тој ги поттикна критичарите во оваа организација. Американската влада не само што ги прогласи ОН за излишни ,туку повторно предупреди дека ќе ги затвори “славините“ односно дека ќе ги запре финансиските средства. Со тоа и злоупотребата во рамките на програмата “ Нафта за храна" во Ирак беше скандал кој ја потресе оваа организација и нејзиниот генерален секретар. Анан посебно го погоди тоа што во овој скандал беше вмешан неговиот син, Којо. Иако не беше можно да се докаже неговата лична вмешаност, оваа афера фрли сенка на неговата кариера, но и на неговите заслуги. Анан бараше од меѓународната заедница да вети исполнување на милениумските цели кои се однесуваат на сузбивање на сиромаштијата и болеста како што е сидата и негова заслуга е што најмалку една реформа на организацијата е спроведена, во делот за формирање Совет за човекови права наместо неефикасна Комисија за човекови права. На својот наследник Бан Ки Мун, Кофи Анан му остави јасна порака - генералниот секретар мора да има дебела кожа.Тоа навистина ќе му биде потребно на поранешниот шеф на јужнокорејската дипломатија, освен ако го избегнува секој можен напад со Вашингтон. Но, тогаш не би бил вистинскиот човек за оваа работа.