1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Герила - плетачите“ го освојуваат градот

8 септември 2011

Тие плетат рува за столбовите на семафорите, за клупите во парковите, дрвјата и спомениците. Уличното движење од Англија дојде и во Германија - сивите градови се китат со плетени работи за да станат пошарени.

https://p.dw.com/p/12NRe
Чифт шарени чорапи за споменикот во ФранкфуртФотографија: DW

Статуата за еден пристаништен работник на Мајна сјае на сонцето. Но, не за долго, оти овој споменик наскоро ќе добие еден чифт шарени чорапи. Нив рачно ги исплете „Штрик путис“ активистка во франкфуртската „герила плетачи“. Нејзина и целта на плетачката заедница е да го разбијат сивилото на градот со неколку шарени детали.

Strick Guerilla Frankfurt
И стеблото доби заштита!Фотографија: Strick Puttis

Слична е и целта на „Штриктик“ кога ги кити столбовите на семафорите, уличните светилки или клупите во парковите. Со препознатлив стил и герилски манири тој сака да остане анонимен - неговото лице е покриено со маска. Деталите, се подразбира самиот ги исплетол.

Од јануари оваа година франкфуртската „герила плетачи“ е на терен и зад себе остава, шарени, волнени траги во рајнско - мајнската област. Нивната мисија е „Градот треба да стане пријатен и потопол, а не да биде толку студен и стерилен, туку едноставно шарен, за луѓето да можат да му се радуваат“.

Кому му припаѓа градот?

Звучи забавно, но оваа иницијатива има политичка заднина. Верена Куни, професор за визуелна култура на институтот за Педагогија на уметност при Гете универзитетот во Франкфурт во „герила платачите“ гледа стретегија за изразување протест. „Тоа е опуштање на околината. Кога минувачите самите ќе станат поопуштени и му обрнуваат поголемо внимание на она што го гледаат, на прв поглед им е смешно или се изненадени. Но, потоа гледаат, дека има алтернативи од другата страна на регулативите на општеството.“  Професорката Куни смета дека плетењето рува за јавниот простор неизбежно го отвора прашањето: „Кому му припаѓа градот, и кој треба да го уредува јавниот простор?“ 

Strick Guerilla Frankfurt Flash-Galerie
Во стилот на вистинска герила - плетачите анонимно го шараат градот!Фотографија: DW

„Герила плетачите“ како „Штриктик“ и „Штрик Путис“ немаат одговор на ова прашање, но плетењето им претставува задоволство и тие сакаат да го променат јавниот простор. Нивното мото е: „Фати се за волна“. Плетачите активисти редовно се собираат и заеднички рачно плетат. Секој е поканет да плете и другите го храбрат неговиот производ да го прикачи на некој семафор или дрво, во јавниот простор. Темите ги координираат преку Фејсбук и објавуваат фотографии од најновите акции и китења на клупите во парковите или статуите.

Движењето за плетачи за јавниот простор ги има своите корени во САД. Магда Сајег, мајката на сите „герила плетачи“ поседуваше продавница за волница. Со малите акции за плетење сакаше да си направи реклама за нејзината продавница. Професорката Верена Куни укажува дека е широк спектарот на ова улично движење. „Од ’нашето село треба да стане поубаво’ па се’ до политички карактер.“

Повеќе од моден тренд

Според нејзино мислење, освен аспектот за улична уметност зад движењето стои копнежот за само активност. Веќе неколку години проектите од типот направи сам доживуваат бум. Тука спаѓаат „урбано градинарство“, „герила градинарство“, или „урбано фармерство“. „Герила плетачите“ се дел од ова движење, вели професорката Куни. „Еден дел кој во себе го носи и моментот на повлекување од јавниот живот до домашна приватна атмосфера. Се забележува потребата за повлекување во еден свет во кој се’ е убаво, во време, во кое се’ има свој квалитет, но во кое секој самиот прави работи со сопствените раце.“ Истовремено со овој нов вид рачна работа повторно се изучуваат старите техники, оние кои ги поседувале нашите баби и дедовци. „Притоа се учи многу за процесот на производство“, подвлекува Куни и повторно го воспоставува политичкиот момент.

Strick Guerilla Frankfurt
И корпата за отпадоци треба да биде разубавена!Фотографија: Strick Puttis

Професорката смета дека ова движење е многу повеќе отколку моден тренд. Зад сите плетени рува за столбовите на уличните светилки, улични столбови со плетени шапки и дрвја со шалчиња се крие копнежот да се создаде нешто со соптвените раце „Тоа што крајниот производ не е перфектен, а шавот крив, токму тука се крие шармот“, оти „градот треба да стане пошарен“!

Автор: Бјанка фон дер Ау/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски