1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Герилците на ФАРК бараат прекин на огнот

ЖА/дв/дпа7 септември 2012

Уште пред почетокот на мировните преговори со колумбиската влада, бунтовниците од ФАРК понудија прекин на огнот. Владата, пак, и натаму врши вооружен притисок.

https://p.dw.com/p/164nU
Фотографија: picture-alliance/dpa

Колумбиските револуционерни вооружени сили ФАРК ќе побараат прекин на огнот пред почетокот на преговорите за мир со колумбиската влада. Ова го изјави Маурисио Харамиљо, поранешен бунтовнички командант на прес-конференција во кубанскиот главен град Хавана. Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос неодамна беше дециден - армијата нема да ги прекине своите акции ниту за време на преговорите со бунтовниците.

Mauricio Jaramillo
Маурисио Харамиљо, поранешен командант на бунтовницитеФотографија: Reuters

Во средата (05.09) во воздушен напад беа убиени 15 бунтовници. Тие беа затрупани во своите куќи, така што можеби бројот на загинатите е и поголем.

Владата започна сондирачки преговори со герилците на ФАРК кон крајот на август со цел да биде постигнат мир по речиси полувековното насилство. Разговорите, кои ќе бидат први по неуспешниот обид за постигнување мир пред една деценија, ќе почнат на 8 октомври во Норвешка. Потоа ќе се префрлат во Куба.