1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија атрактивна за доселениците

АТ/ ард15 јануари 2014

Според извештајoт за миграција во Германија во 2012 година се доселиле 1,08 луѓе, највисока бројка по 1995 година. Министерот за внатрешни работи Томас де Мезие позитивно ги оцени податоците.

https://p.dw.com/p/1Aqqi
Фотографија: Becky Stares/Fotolia.com

Бројот на доселеници во Германија во 2012 година е на највисоко ниво од 1995 година. Во споредба со претходната година регистрирано е покачување за 13 проценти на 1,08 милиони луѓе. Доколку од оваа бројка се одземат лицата кои се отселиле, остануваат 370.000 лица кои дошле во земјата. Ова произлегува од извештајот за миграција за 2012 година кој беше усвоен од владиниот кабинет.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезие изјави: „Сите знаеме дека Германија е упатена и на стручна сила од странство“. Бројките докажуваат дека Германија била атрактивна земја за доселување и дека правилно биле поставени насоките за доселување на стручна работна сила. Доселувањето на стручњаци и високо квалификувани лица од 2009 година континуирано расте, од тогашните 16.000 на повеќе од 27.000 луѓе во 2012 година. Во изминатите години беше намалена границата за годишните приходи, влезен билет за доселениците во Германија.

Значителен пораст во однос на претходната година

Од ЕУ во 2012 година во Германија се доселија 620.000 луѓе, и 340.000 од други држави, а остатанатите се Германци кои се вратиле во татковината. Семејните причини со 18 проценти се најчести причини за доселувањето. 16 проценти во Германија дојдоа поради студирање и образование, додека 13 проценти да започнат со работа. 16 проценти се дојдени како азиланти или од хуманитарни причини.

Во 2011 во Германија се доселија 960.000 луѓе, односно 280.000 кога ќе се земат в предвид лицата кои ја напуштиле земјата.

Извештајот за миграција се поднесува годишно од 2000 година. Тој нуди преглед на годишниот развој на доселувањето и отселувањето од земјата. Во 2006 година е регистрирано најниска броја на доселувањето по обединувањето на земјата, односно 662.000 луѓе.