1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија атрактивна за производителите на авто делови

23 ноември 2006

Производството на авто делови повторно ја исфрлува Германија во прв план. Логистиката, продуктивноста, квалитетот на трудот и иновативноста се фактори кои влијаат негативно врз инвеститорите во Источна Европа и Кина

https://p.dw.com/p/AeKA
Фотографија: AP

Кога станува збор за германските автомобили критичарите постојано напоменуваат дека тие речиси и да не се произведуваат во Германија. Дури и производителите на делови се селат во странство, заради ниските даноци и евтината работна сила.

Една студија на институтот за испитување на економските појави која деновиве беше претставена во Франкфурт покажува дека Германија како седиште на производството има свои предности.

Меѓутоа голема е привлечната моќ на источна Европа и Кина. Две третини од производителите на автоделови дел од своите производи ги произведуваат во странство. Секој втор производител на авто делови има намера и натаму да инвестира во странство. Петер Фус од институтот за истражување на економските движења смета дека тоа не е толку лоша вест:

„ Треба да се каже дека ваквиот тренд не е на сметка на работните места во Германија, бидејќи за време на инвестициите во последните години, првенствено во Источна Европа, бројката вработени во автоиндустријата е во постојан пораст. Тоа е показател кој кажува дека инвестирањето во странство ја јакне и Германија како земја, заштитен знак за автомобилите. Тоа е позитивен знак, но притоа треба да се подвлече дека вработеноста во авто индустријата во Германија во иднина нема значително да порасне„

Во моментов во Германија во браншата за приозводство на делови за автомобили работат 330.000 луѓе. Целата авто индустрија вработува вкупно 700.000. Кога станува збор за предностите и маните на Германија како место за производство, инвеститорите забележуваат дека заработката на работниците е висока, исто така и давачките за социјално и здравствено осигурување. Во маните се вбројуваат и големите даноци како и бирократијата.

Студијата објавена во Франкфурт содржи и изненадувачка констатација дека кај работниците во Германија недостасува поголема флексибилност. Пред две години повеќе од половина потенцијални инвеститори тоа го сметаа како главна причина за неинвестирање во Германија. Но во меѓувреме, многу работи се променија. Работодавците, вбработените и синдикатите заедно ги согледаа сите недостатоци и направија одредени поместувања, вели Петер Фус

„ Има многу можности работното време да се направи пофлексибилно. Исто така и наградувањето на трудот повеќе да се ориентира кон резултатот, односно пошироко гледано, кон обемот на побарувачката. Тоа за автоиндустријата е голем предизвик„

Меѓутоа она што се нарекува „фактор на работа„ повторно ја става Германија во редот на конкурентни и атрактивни земји. Така на пример јапонската Тојота размислува производството на новиот модел на Лексус да го префрли во Германија.

„ Заработката може да се компензира со поголема продуктивност и висок квалитет, сразмерно на квалитетот на германскиот работник. Тоа се секако аспекти кои имаат своја тежина„

За квалитетот на работењето сведочи и иновативноста во производството. Само во последните години во Германија се пријавени 2600 патенти. Причина плус за привлекување на инвестициите во индустријата за авто делови е и развиената логистика. На пример Романија има нешто повеќе од 100 клометри автопат, што го поскапува делот за логистика:

„ Би им препорачал на сите потенцијални инвеститори, чие прва мерило им се малите плати во Источна Европа, најнапред да ги утврдат производствените предности и потенцијалот во Германија, па дури тогаш да размислат колку навистина е исплатливо да се вложува во Источна Европа или Кина„ вели економскиот експерт од институтот „Ернст и Јанг„ во Франкфурт, Петер Фус