1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија – Велика Британија – туризам

19 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMZ

Германскиот туристички концерн ТУИ објави дека ќе се фузионира со британското претпријатие „Ф‘рст чоис„ и со тоа ќе стане најголемо претпријатие во светот од овој вид, со вкупен промет од 18 милијарди евра годишно. Според дилот ТУИ ќе стекне 51% од акциите на британскиот партнер, но затоа на чело на фузионираниот концерн ќе застане актуелниот шеф на „Ф‘рст чоис„ Питер Лонг. Заедничко име ќе биде ТУИ тревел, а седиштето ќе му биде во Лондон.