1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија во минатата година имаше балансиран буџет

16 јануари 2008

Благодарение на порастот на конјунктурата и приходите од даноците, сојузот, покраините, комуните и социјалните каси минатата година ја завршија со 70 милиони вера повеќе отколку што потрошија.

https://p.dw.com/p/CqFp
Касите на државата преполниФотографија: picture-alliance/ dpa

Во минатата година германското стопанство забележа пораст од 2,5 проценти, што беше помалку од 2006 кога брутонационалниот производ достигна 2,9 проценти. Сепак, ваквиот развој го заслужува епитетот „робустен„, вели шефот на сојузниот завод за статистика Валтер Радемахер:

„2,5 проценти не се малку за развиена економија. Сметаме дека е робустен за да сигнализираме дека околностите во 2007 во споредба со претходната година не беа толку поволни„.

Всушност, повторно извозот придонесе за економскиот растеж. Со 8,3 проценти, беше помал од претходната година, но затоа приватната поторшувачка се намали за 0,3 проценти. Причината е во данокот на додадена вредност, но и поради фактот што расположливите нето приходи на вработените пораснаа само за 2,3 проценти, односно пер капита во просек за само 0,5 насто. Валтер Радемахер:

„Во приватните буџети се влејаа помалку приходи од вкупниот пораст што го постигна стопанството. Улога играше и зголемувањето на цените што во последните месеци придонесе за воздржаност на потрошувачите„.

За 2008 година проценките се песимистички. Причина: силното евро и опасноста од рецесија во Соединетите Американски Држави.