1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија е еден од најголемите извозници на оружје

30 октомври 2007

Се проценува дека во германската воена индустрија работат околу 80 илјади луѓе, многу помалку од времето на студената војна. Тие произведуваат пред се’ оружје и опрема за Бундесверот, но се повеќе, извезуваат.

https://p.dw.com/p/ByjJ
Германските воени производи се побарани на пазарот за оружјеФотографија: dpa

Подморниците и тенковите со ознаката „made in germany“ нудат врвна технологија, но пазарот и стеснет и полн. На хит-листата на најголемите светски фирми за оружје нема ниту една германска, а сепак Германија е еден од најголемите извозници во светот. Во најголемиот дел пробив на пазарот успеваат да постигнат средните германски фирми.

Германија игра во „ лигата на шампионите“ во браншата

Уште повеќе, извозот расте од година на година. Мотор на тој развој, според новниранот Томас Мојтер кому оваа област му е фах, е високиот технолошки стандард на германските производи. Тој вели дека Германија со сигурност игра во лигата на шампионите со различни производи и развој. Кон тоа се вбројуваат блиндирани возила, борбени коли, но и технологии за нивна заштита и за заштита на војниците.

Бидејќи германскиот борбен тенк „Леопрад 2“ е посебно добар за заштита од напади и мини, особено добро им се продава на странските армии. Покрај 16 европски армии, кон клиентите од неодамна спаѓа и Канада која во Авганистан загуби многу војници. Од желбата за поголема сигурност, профитира минхенската фирма „Краус-Мафаи Вегман“ која го произведува „Леопардот“. Портпаролот Кристоф Милер објаснува дека било

позитивно изненадување што Канада имала намера комплетно да ги распушти тенковските единици. Но, од искуствата во Авганистан се предомисли и повторно ангажира борбени тенкови.

Големите меѓународни мисии на германската воена индустрија и донесоа нови порачки

Лавовскиот дел од извозот оди кај партнерите во НАТО и во државите од Европската унија. Сите зделки за извоз, како што предвидува уставот на Германија, мора да бидат одобрени. За НАТО и за земјите од Европската унија по правило владата без проблеми дава дозволи. Кај другите точно се проверува дали зделката е во согласност со насоките за извоз на оружје. Критериумите беа изготвени уште во времето на црвено-зелената влада.

Меѓу учесниците тогаш и пратеничаката на СПД Ута Цапф, долгогодишен член на одборот за одбрана во Бундестагот тврди дека постои критериумот за региони на затегнатост, или за почитувањето на човековите права. Овие два критериума тешко се мерат, но сепак постои заобиколен пат кога се вели: тоа е во интерес на безбедноста на Германија.

Продажбата на оружје - погрешен сигнал?

Со тој аргумент, на пример, беше можно Пакистан да добие подморници од германско производство и покрај затегнатоста и проблемите со човековите права. Матијас Џон, експерт за оружје од Амнести Интернешенел тоа не може да го разбере. Тој вели

дека со подморници не можат баш да се повредат човековите права, но едноставно е погрешен сигнал, на таков режим да му се стави на располагање германска технологија. Тоа е слично како кога во минатото Турција добиваше големи количества оружје, иако ситуацијата со човековите права е катастрофална, смета.

Меѓутоа, тешко може да се смета на поголема транспарентност, ниту од страна на воената индустрија, ниту од сојузната влада. Преглед на испораките на оружје дава годишниот извештај за извоз што го објавува сојузната влада, но таков се уште нема за 2006 година.