1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија – железница – штрајк

2 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/B9Wi

Од денеска почнува серијата предупредувачки штрајкови во германските железници. По почетокот во Дортмунд и Франкфурт на Мајна, вработените ги проширија временски ограничените прекини на работата на целата земја. За сега најмногу се погодени локалните возови, но доаѓа до доцнење и изостанување и во меѓународниот железнички сообраќај.

Синдикалните организации на железничарите бараат зголемување на платите за 7 проценти. Раководството на концернот за сега нуди само 2 процента.