1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија – железница – штрајк

2 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BAbB

Ноќеска почна серијата предупредувачки штрајкови во германските железници. По околу шест часа, рано утринава во 8 часот завршија штрајкувачките акции кои почнаа во Дортмунд и Франкфурт на Мајна, а се проширија на повеќе региони. Најмногу беа погодени локалните возови, но имаше доцнење и изостанување на возовите и во меѓународниот железнички сообраќај. Синдикалните организации на железничарите бараат зголемување на платите за 7 проценти. Раководството на концернот за сега нуди само две покачувања на платите од по 2 процента.