1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија загуби во пријателски натпревар од Данска

29 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJN

Во пријателскиот фудбалски натпревар, Германија синоќа загуби од Данаска со еден спрема нула. Ова е прв загубен меч на германската репрезентација под водство на новиот тренер Јоаким Лев, но тој на теренот вчера настапи со вториот тим на репрезентацијата.

„Мислам дека ова беше одлично искуство. Настапивме со редица млади играчи и овој меч е важен за нашиот натамошен развој“, изјави Лев по мечот.