1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија за сигурно прво место, Македонија за одржување на шансите

12 октомври 2010

По победата против Турција во Берлин, репрезентацијата на Германија, во рамките на квалификациите за ЕП во 2012 година, денес му гостува на Казахстан. Македонската репрезентација е домаќин во натпреварот против Русија.

https://p.dw.com/p/PcWu
Фотографија: AP

На германската репрезентација денеска (12.10.10) и е потребна победа во Астана, против Казахстан за лесно освојување на групата. Казахстан се наоѓа на претпоследното место, бeз бодови, но со подобра гол разлика од Азербејџан. Дури и нерешениот резултат ќе биде големо разочарување, истакнува германскиот селектор Јоаким Лев, но предупредува дека противникот не треба се потцени: „Овој тим на Казахстан е многу подобар од националниот тим на Азербејџан. Имаат многу квалитетни фудбалери, и затоа ние ќе бидеме подготвени.“

Nikolce Noveski Fußballspieler
Репрезентативецот НовескиФотографија: DW

Македонија се надева на поволен исход

По победата против Андора, репрезентацијата на Македонија денеска игра против силната Русија, во четвртото кавалификациско коло. Ова ќе биде клучен натпревар за одржување на шансите за пласман на Европското првенство. Русија на претходниот натпревар славеше во Даблин против Република Ирска со 3:2. Во квалификациите за претходното Европско првенство Русите беа подобри од Македонија и во Скопје и во Москва. Македонија ќе настапи без повредените Пандев, Попов и Тасевски. Сепак македонскиот репрезентативец Николче Новески се надева на позитивен резултат: „Се надевам дека ќе играме добро, ќе го дадеме својот максимум, и со една таква игра имаме доста шанси.“

Deutschland Fußball Pressekonferenz Joachim Löw
Селекторот ЛевФотографија: picture alliance / dpa

Во групата Б, каде игра Македонија, вечерва Република Ирска и гостува на Словачка, а Ерменија ја пречекува Андора. Ова е последно квалификациско коло за оваа година. Следното е во март следната година во кое Македонија ќе игра против Република Ирска во Даблин.

Автор: Владимир Калински

Редактор: Александра Трајковска