1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Кина дискутираат за интернет законодавството

Матиас фон Хајн/ Симе Недевски16 јули 2012

Веќе 12 години постои германско-кинескиот дијалог за правна држава. Најновата рунда на дијалогот е посветена на „Граѓанските права во дигиталното време“. Во Кина во затвор во моментов се десетици онлајн активисти.

https://p.dw.com/p/15YHd
Фотографија: dapd

Кина е во меѓувреме е најголема интернет нација во светот. Преку 500 милиони луѓе користат интернет, околу 250 милиони користат микроблог услуги слични на Твитер. Самиот Твитер, најголемиот светски микроблог понудувач во Кина е блокиран- исто како и најголемата видео платформа Јутјуб и најголемата социјална мрежа Фејсбук. Големата длобода што ја нуди интернетот со тоа бргу се удира во ѕидиштата на т.н „Голем кинески фајрвол“- гигантска машинерија за цензура и блокирање на интернет содржини. И понудата на Дојче Веле во Кина е блокирана . Според наводите на „Репортери без граници“ во затворите во Кина во моментов седат 68 интернет активисти. Нивните онлајн прилози ги разлутиле властите во Пекинг.

И покрај сето ова Германија и Кина се согласија темата „Човекови права и државно законодсвство во дигиталното време“ да биде тема на 12. германски-кинески дијалог за правната држава, кој денеска (16.07) почнува во Минхен. Наспроти сите ограничувања интернетот имено и во Кина отвора нови простори за дискусии и размена на мислења.

Internet Zensur in China Screenshot

„Потребно е големо трпение“

Дијалогот за правната држава се одвива на симпозиуми на кои учествуваат високи политички и економски претставници на двете земји. Меѓу стотината учесници и овојпат се присутни и министрите за правда на двете држави. Првиот дијалог беше воден во 2000. година под водство на поранешната германската министерка за правда Херта Дојблер Гмелин.

Таа во изјава за Дојче Веле истакна „Потребно е големо трпение. Кај законодавството се случи многу , но во примената често се заостанува“

Секогаш одново има критика и сомнеж во делотворноста на дијалогот. Активистите за човекови права зборуваат за „смоквин лист“ , со кој дебата за човековите права треба да се оттргне од јавноста и да се прфрли во затворен форум наречен дијалог за правната држава. И во самата Кина има критики: Жанг Сижи еден од најеминентните независни правници на Кина за Дојче Веле изјави: Дијалогот трае веќе подолго време. Имал ли тој досега некакво дејство? Дури и меѓу самите правници овој дијалог е речиси непознат, а да не говориме за обичните луѓе!“

Напредок пред се во стопанското право

Катја Леви научна експертка за Кина го анализираше германско-кинескиот дијалог за правната држава во студија од речиси 400 страници. Таа забележува напредок но пред се’ во областа на стопанското право. Во спроведувањето на основните и човековите права , профорката од Бохум и натаму гледа голема потреба за корекција на недостатоците. 

China Geschäftsmann Business Laptop
Фотографија: fotolia

Кина според сопствените претстави е социјалистичка правна држава. Меѓутоа  меѓу текстот на Уставот и уставната реалност често има голем јаз. За тоа се говори и во самата Кина, укажува една публикација на Фондацијата Хајнрих Бол објавена во пресрет на 12. дијалог. Таа содржи критички прилог на медиумскиот експерт од Пакинг Ху Јонг за регулирањето на интернетот во Кина. Во него буквално се вели: „Уставот се цени помалку од националното право, националното право од бирократските уредби, уредбите на министерствата пак помалку од оние на понуските служби и конечно партиските функционери го имаат последниот збор“

Германско кинескиот дијалог за правната држава не се занимава со темата интернет за првпат. Уште во 2003. имаше дијалог на тема „интернет право“. На неговата интернет страница самото германско министерство за правда го оценува овој дијалог како многу надежен. Таму се говори за заеднички нешта но и за продуктивни тензии во правните уредби на двете земји.

Продуктивни тензии“

За „продуктивна тензија“ на средбата меѓу германска министерка за правда Сабине Лојтхојзер- Шнаренбергер и нејзината ресорен колега од Кина, Сонг Дахан може да придонесе случајот со 32-годишниот трговец со уметнички дела Нилс Јенрих. Германскиот бизнисмен со месеци без обвинение седи во затвор во Пекинг. За што точно се товари е нејасно, а не се прифача ниту парична гаранција за негово излегување од затвор. Се очекува германската министерка да побара објаснување за случајот.