1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

070111 Deutschland China

16 јануари 2011

Германија заработи прилично многу од процесот на индустријализација на Кина. Двете земји сега се добитници од кризата. Германските менаџери, меѓутоа, имаат намера да заработуваат уште од кинескиот бум.

https://p.dw.com/p/zvoO
Фотографија: Picture-Alliance /ZB

Економските односи на Германија и Кина станаа потесни во времето на криза. Кина за првпат е земја од која Германија увезува најмногу и нејзин најголем трговски партнер надвор од границите на ЕУ. За Кина, пак, Германија е најголемиот инвеститор од Европа.

Германско-кинескиот модел на успех би требало да потрае, со оглед на тоа што во март Кина треба да го донесе новиот петгодишен план за развој. Според него, владата во Пекинг се залага за одржлив развој. Со изворите на суровини и на енергија треба да се стопанисува повнимателно. Значи, еколошката техника ќе биде повеќе барана:

Symbolbild China Flagge Euro Wirtschaft
На кинескиот пазар ќе може да се инвестира уште многу годиниФотографија: Bilderbox.com/DW-Montage

„Кина е огромен пазар за еколошка техника, а германските производители во тоа и натаму се водечки. Освен тоа, треба да се подобри транспортната инфраструктура во градовите, да се прошират аеродромите. Насекаде има шанси за претпријатијата кои доставуваат делови и техника. Кина е и на пат да стане место на иновации, да се тргне од принципот на евтина работна сила и да се пренасочи повеќе кон висока технологија. При ваквата реконструкција на економијата ќе биде потребна подобра опрема, а тоа можат да го достават германските претпријатија“, вели Ахим Хауг, референт во одделот за Азија и Пацификот во Здружението за надворешно-економско работење и маркетинг „Џермани Трејд енд Инвест“.

Треба само да знаеш што да одбереш

Здружението ги снабдува претпријатијата со информации и нуди помош при нивниот настап од другата страна на океанот. Во случајот со Кина, Хауг смета дека германските инвеститори имаат шанса да работат во наредните 20 години.

VW will Absatz in Südchina verdreifachen
Четири од пет луксузни автомобили во Кина се од германско производствоФотографија: picture-alliance/dpa

„Треба само да се размисли која гранка да се одбере, некоја каде нема многу фирми што се активни, каде има потреба или каде сега се отвора потреба.“

Се‘ повеќе Кинези се интересираат за висококвалитетни производи „мејд ин Џермани“. Веќе сега, четири од пет луксузни автомобили во Кина се од германско производство. Не е чудо што БМВ, Дајмлер и Ауди планираат значително проширување на своите капацитети во Кина.

Преголема зависност?

Критичарите сметаат дека производителите на автомобили се премногу зависни од Кина. На крајот на минатата година стигна, на пример, вест која беше причина за оргомен пад на германски авто-акции. Според веста, бројот на нови регистрации на возила во 2011 година ќе биде двојно помал од претходната година, за да се избегне хаосот во сообраќајот во Кина. Хауг смета дека реакцијата на пазарот била претерана...:

Siemens Firmenlogo
Сименс има 13 истражувачки центри во КинаФотографија: AP

„...затоа што во Кина ќе се зголемува бизнисот во градовите од втор и трет ред, значи градовите каде просечната заработувачка е ниска. Тоа се нови пазари кои нудат големи можности.“

Кина е земја која одамна е место на истражувања. Само Сименс има 13 истражувачки центри во Кина. Кина на тој начин добива пристап до висока технолигија, но од тоа профитираат и германските претпријатија.

„Прилагодувањето на локалниот пазар е од огромно значење. Тоа и досега беше главна дејност на ваквите истражувачки центри. Тие истражуваа како германските производи да ги прилагодат на кинескиот пазар, нив да ги направат поедноставни и поевтини. Се‘ повеќе се случува и она што е направено во Кина, потоа да доаѓа на Запад. Од тоа можат да профитираат и германските претпријатија, зашто ако таму развиваат производи кои се пофлексибилни и поевтини, тогаш тие производи можат да имаат успех и на други пазари.“

Автор: Жанг Данхонг / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска