1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија на олимпискиот врв

17 февруари 2010

Успешен ден за германските спортисти на Олимпијадата во Ванкувер. Во последните 24 часа, германките освоија два златни медали и по едно сребро и бронза, со што земјата се искачи на врвот по бројот на освоени медали

https://p.dw.com/p/M3gz
Магдалена Нојнер прва мина низ целтаФотографија: AP

Магдалена Нојнер и донесе најмногу радост на германската јавност со освоено злато во бијатлон на петтиот ден од Олимписките игри во Ванкувер. Тоа беше и вториот медал за Нојнер, откако во истата дисциплина, но на покусата патека, во саботата освои и сребрен медал. На 10-километарската патека Нојнер се искачи највисоко на подиумот, а зад неа се пласираа Анастасија Кузмина од Словачка и Мари Лоре Брунет од Франција. „Сонував за ова со години и конечно стигнав до целта“, изјави шесткратната светска шампионка по освојување на првото олимписко злато.

Olympische Spiele Vancouver Rennrodeln Tatjana Hüfner
Татјана Хефнер ја потврди германската доминација во санкањеФотографија: AP

Рамо до рамо со Нојнер беше и Татјана Хефнер, која беше најбрза на патеката за санкање. За неа ова е втор медал од ЗОИ, по бронзата од Торино. Второ време постигна Нина Ритмаер од Австрија, трета беше германката Натали Гajзенбергер.

Со двата освоени златни медали или вкупно четири на петтиот ден од Зимските олимписки игри во Ванкувер, Германија го презеде лидерското место по бројот на освоени медали со вкупно 9, пред САД со 8 и Франција со 7 освоени медали. Кон успехот придонесе и Џени Волф која стигна до среброто на патеката од 500 метри во брзо лизгање. Најбрза беше Корејанката Санг Нва Ли, а на третото место стигна Бексинг Ванг од Кина.

Вчера стартуваа и првите натпревари во хокеј на мраз кај мажите, а фаворитите немаа проблеми. САД беа поуспешни од Швајцарија со 3:1, Канада ја совлада Норвешка со 8:0, а Русија славеше против Летонија со 8:2. Денеска од поинтересните дисциплини на програмата се спустот во женска конкуренција, брзо лизгање за мажи и санкање во двојки.

Автор: БГ/АТ/дпа/ард

Редактор: Александра Трајковска