1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија не планира проширување на мисијата во Авганистан

14 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bfls

Германската влада не планира проширување на мисијата на БУндесверот во јужниот дел на оваа земја, ги увери координаторите на пратеничките групи во парламентот, германската канцеларка Ангела Меркел. Сојузниот кабинет во наредните недели треба да донесе одлука за продолжување на ИСАФ мандатот и учеството на авионите од типот Торнадо во мисијата во Авганистан. Претходно во Берлин на тема Авганистан разговараа германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер и генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер. Првиот човек на алијансата притоа нагласи дека НАТО не врши притисок врз Берлин да испрати трупи во јужниот проблематичен дел на Авганистан.