1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија под лимитот

Бернд Греслер24 август 2006

Благодарение на поголемиот прилив пари од даноците, германскиот министер за финансии, Пеер Штајнбрук се повеќе и се приближува на целта – да се држи до прописите на ЕУ во однос на дозволениот државен дефицит. Сојузниот завод за статистика соопшти дека квотата на долгови, во првата половина на 2006 година, изнесувала 2,5%. Само за споредба – минатата година во истиот период државниот дефицит бил 3,7%. Но, стати

https://p.dw.com/p/AeL1
Еврокомесарот Хоакин Алмуниа
Еврокомесарот Хоакин АлмуниаФотографија: AP

стичарите сепак предупредуваат дека сеуште не можат да се носат прерани заклучоци во однос на целата 2006-та.

И германскиот министер за финансии, Пеер Штајнбрук е на мислење дека германскиот државен дефицит годинава ќе лежи под дозволената граница од 3%. Германија напредува во консолидирањето на јавниот буџет, се вели во писмената изјава во Берлин. Но, сепак, добриот резултат од првата половина на годината не може да се преслика и за втората половина, зашто приливот на средства и давачките не се рамномерно распределени во текот на целата година. На пример, добивката на Бундесбанката е растоварувачки ефект само во првите 6 месеци на годината. Зголемувањето на данокот на додадена вредност, предвидено за наредната година, и покрај развојот на ситуацијата кој радува, не е предмет на дискусија. И германската канцеларка, Ангела Меркел, на првата прес конференција по летната пауза рече дека и покрај повисокиот прилив пари од даноците, исклучено е евентуално враќање назад на решението за зголемување на ДДВ:

“Се радувам поради сите добивки од даноците, но мислам дека сеуште нема повод за симнување на предупредувањето дека состојбата на буџетот е многу, многу незавидна.“

И во стопанството не се смета дека владата би можела да ја повлече одлуката за зголемување на данокот на додадена вредност од 16 на 19% од почетокот на 2007-ма. Манфред Вебер, раководител на Созјуното здружение на германските банки, вели:

“Она што можам да си го претставам е дека поголем дел од приливот на парите од даноците нема да биде употребен за покривање на буџетските дупки (за тоа се предвидени 2%), туку за намалување на придонесите во Германија, со што ќе се стане поконкурентен на пазарот на работна сила.“

Еврокомесарот за финансии, Хоакин Алмуниа, уште на средината на јули рече дека е можно запирање на постапката против Германија поради превисокиот државен дефицит, доколку земјата остане под лимитот од 3%.