1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

310309 Deutschland vor Wales

1 април 2009

Германската репрезентација денеска (01.04.2009) во Кардиф ќе има тешка задача да ги освои планираните 3 бода против Велс во квалификациите за СП во 2010. Македонија пак, се надева на фудбалско изненадување во Амстердам.

https://p.dw.com/p/HO7M
Германија извојува минимална победа во првиот квалификациски натпревар против ВелсФотографија: picture alliance / Pressefoto Ulmer

Четири денови по победата над „фудбалското џуџе“ Лихтенштајн со 4:0 , германската репрезентација ќе игра на гости против Велс. Целта гласи: победа и освојување уште три бода. Раководството на тимот, меѓутоа, знае дека нема да биде толку лесно како против Лихтенштајн.

„Знаеме дека Велс е сосема поинаков противник. Секогаш е тешко да се игра таму. Токму во Кардиф и самиот имам доживеано натпревари кои не биле толку успешни, како на пример кога во 2002 година загубивме со 1:0. За Велшаните во групата е тешко и натпреварот против Германија е можност за поправање на впечатокот“ , вели менаџерот на германската репрезентација, Оливер Бирхоф.

Fussball Nationalmanschaft Bundestrainer Löw
Германскиот селектор Јоаким Лев планира три бодови од мечот против ВелсФотографија: AP

Германците добро подготвени за дуелот во Кардиф

Тимот на тренерот Џон Тошак во саботата загуби на домашен терен од Финска со 2:0, меѓутоа во првиот натпревар против Германците на домашен терен одвај стигна до минимална победа. Сега, избраниците на Јоаким Лев се добро подготвени. Промени во првите единаесетмина што настапија против Лихтештајн речиси и нема да има. Само Бастијан Швајнштајгер има лесна повреда и мораше да го откаже тренингот во понеделникот.

„Да, Бастијан има проблеми со десната ’препона’, но тоа не претставува опасност за неговиот настап против Велс. Со оглед на тоа, не сакавме да го изложуваме на ризик при брзите движења за време на тренингот. Поради тоа мерката на претпазливост гласеше: назад во хотел“, истакна Бирхоф.

WM Fußball Niederlande Fans in Leipzig
Холандските навивачи очекуваат сигурна победа против МакедонијаФотографија: picture-alliance/ dpa

Во групата 4 од квалификациите за Светското првенство во 2010, денеска се игра уште и натпреварот Лихтенштајн-Русија.

Во групата 9, пак, македонската репрезентација игра во Амстердам против фудбалската супер-сила Холандија. Избраниците на селекторот Среќко Катанец ќе се обидат да го изненадат фаворитот за да ги заживеат надежите за пласман на СП. Во оваа група денеска се игра уште и натпреварот Шкотска- Исланд.


Денеска се играат и следниве натпревари:


Група 1:

Унгарија - Малта

Данска - Албанија


Група 2:

Летонија - Луксембург

Грција - Израел

Швајцарија - Молдавија


Група 3:


Чешка - Словачка

Полска - Сан Марино

Северна Ирска - Словенија


Група 5:

Естонија - Ерменија

Турција - Шпанија

Босна и Херцеговина - Белгија


Група 6:

Казахстан - Белорусија

Андора - Хрватска

Англија - Украина


Група 7:

Австрија - Романија

Франција - Литванија


Група 8:


Бугарија - Кипар

Грузија - Црна Гора

Италија - Република Ирска

Автор: Андреас Цимонс / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска