1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија сака да ја прекине предолгата црна серија против Франција

29 февруари 2012

На стадионот Везер во Бремен, германските фудбалери вечер нема да имаат лесна задача во тест мечот против Франција. Германија чека на победа против „триколорите“ цели 25 години.

https://p.dw.com/p/14Bnn
Германските репрезентативциФотографија: picture alliance/augenklick/firo Sportphoto

Само еднаш Јоахим Лев тренираше со неговиот тим пред средбата со Франција. Германскиот селектор не мора посебно да ги мотивира своите играчи, бидејќи тука станува збор за тоа , кој на лето ќе патува на Европското првенство во Полска и во Украина.

„ Затоа секој мора да се обиде, да се прикаже најдобро и затоа ова нема да биде типичен пријателски натпревар и секој ќе се бори за своето место“, вели германскиот репрезентативец Денис Аого.

Франција ја пронајде старата сила

Неговото место во првите единаесет е сигурно- Месут Езил. За првпат по заминувањето во Реал Мадрид поранешниот играч на Вердер се враќа на стадионот Везер. Како креативна сила на репрезентацијата.

„Цел мора да ни биде да се концентрираме на нас и да го извлечеме нашиот потенцијал. Потоа можеме да го совладаме секој тим“ , вели организаторот на играта на германската репрезентација Месут Езил.

Freundschaftsspiel Fußball Deutschland - Niederlande
На последниот пријателски меч против Холандија, Германија славеше убедливо со 3:0Фотографија: dapd

Сосема едноставно меѓутоа нема да биде, зашто Франција по катастрофалниот настап на СП во Јужноафриканската република во 2010. година речиси ја пронајде старата сила. Под раководство на новиот селектор Лорен Блан, Франција не е поразена веќе 16 натпревари. Ѕвездите како Франк Рибери од Бајерн Минхен мора да се подредат на тимот.

За ништо а сепак за многу

Соодветно на новиот стил, Блан за нов капитен го назначи голманот Уго Љорис, што предизвика дискусии во Франција. За многумина Љорис важи за премногу мек за да ја води екипата на ЕП.
„ Ние сме многу млад тим и во овој состав досега немаме играно на некој голем турнит. Но веќе научивме многу и имаме и индивидуална класа и талент и на тоа се потпираме“, вели капитенот на репрезентацијата на Франција, Уго Љорис.

Овој пријателски меч не значи ништо а сепак многу. Јоахим Лев сака да ја прекине црната серија. Речиси 25 години Германија нема извојувано победа против Франција.

Автор: Петер Возни/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска