1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија светски првак во хокеј на трева

18 септември 2006

Германија е старо нов светски шампион во хокеј на трева. На светскиот шампионат кој се одржа во Германија, избраниците на селекторот Бернард Петерс во извонредно драматичен финален натпревар ја совладаа Австралија со 4:3.

https://p.dw.com/p/Aehg
Хокеј паркот во Менхенгладбах
Хокеј паркот во МенхенгладбахФотографија: picture-alliance/ dpa

Германците уште од самиот почеток бркаа негатива. Првото полувреме австралијанците го добија со 2:1. Во вториот дел зголемија на 3:1 и кога се чинеше дека по олимпискиот ќе се радуваат и на светскиот трофеј, германците како препородени ја презедоа иницијатива и набрзина направија целосен пресврт, за голема радост на неколку илјадната публика на стадионот во Менхенгладбах. Селекторот Петерс по големата радост задоволно изјави:

„Она што младите го направија во второто полувреме е едноставно генијално. Тие покажаа неверојатна воља, извршија добар, офанзивен притисок со што ги натераа австралијанците да направат грешки. Младите тоа го заслужија и потврдија дека имаат невероајтна воља и јас сум неверојатно горд на оваа репрезентација„ рече тренерот Бернард Петерс

Бронзениот медал го освои репрезентацијата на Шпанија која дури во продолженијата славеше против селекцијата на Јужна Кореа со 3:2