1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија се придржува до дипломатско решение за иранскиот конфликт

18 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bgxb

Сојузната германска влада, и покрај предупредувањата од Франција, и натаму се залага за изнаоѓање дипломатско решение во конфликтот околу атомската програма на Иран. Сите други опции во моментов во Германија не се дискутираат, порача владиниот портпарол Улрих Вилхем во Берлин - Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер во интервју изјави дека во кризата со Иран светот би морал да биде подготвен на најлошото на војна. Меѓународната заедница нема да дозволи Иран да создаде атомско оружје. – И покрај воведувањето санкции од страна на ОН, Иран и натаму се спротивставува да го сопре збогатувањето ураниум.