1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија – синагога

10 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C9yC

Во синагогата во Келн еврејската заедница во Германија синоќа свечено го одбележа реставрирањето на еден примерок на светата книга Тора што беше оштетен во пожарот во ноќта на прогонот во 1938-та година. Келнскиот свештеник Густав Мајнерц го спасил примерокот на Тората од запалената синагога ризикувајќи го сопствениот живот. По завршувањето на војната тој и‘ ја вратил светата книга на Еврејската заедница.

Израелските експерти дури сега успеаја да ја реставрираат тешко оштетената света книга од Келнската синагога. Претседателката на Централниот совет на Евреите во Германија, Шарлоте Кноблох на синоќешната свеченост во знак на сеќавање на погромот му се заблагодари на келнскиот Кардинал, Јоаким Мајснер што го финансираше реставрирањето на светата книга.