1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија-Средбата на врвот околу невработеноста повторно топ тема

15 март 2005

Германските весници и денеска главно ги коментираат актуелните збиднувања воочи средбата на канцеларот Герхард Шредер со лидерите на опозицијата околу реформските проекти на владата , кој треба да се одржи во четврток во Берлин. Тие се поделени во прогнозите дали таа ќе вроди со видливи резултати.

https://p.dw.com/p/AcGi

Берлински Ди Велт ги коментира тешкотиите на политиката на преобразување:

„ Државата досега ниту еднаш не ја разгледала можноста за одрекување од својата моќ на управување. Согласно со тоа нејзините граѓани досега не помислиле на намалување на своите барања спрема државата. Така државата со десетлетија добивала на важност, собирајќи се повеќе даноци и непрестано одново распоредувајќи ги со цел воспоставување социјална еднаквост и правда , кои никој неможе прецизно да ги дефинира. Не она што на Германија и е навистина потребно е токму спротивно на сето тоа: помалку вплеткување на државата , помалку даноци , помалку барања и очекувања на граѓаните , но затоа повеќе претприемачка слобода“-пишува Ди Велт

Франкфуртер Рундшау на истата тема го донесува следниов напис:

„Во таква ситуација се нуди цела палета различни препарати за наводно оздравување . Но се се тоа генерички лекови. Претпријатијата треба да бидат доведени во можностр своите производи и услуги да ги понудат по поволни цени, а работниците мораат да се прилагодат на новонастанатите услови. Разликата е само таа што владејачката коалиција гаи надеж дека во таа смисла веќе ги презела сите битни промени и оти сега треба само да се премости времето додека тие не ја покажат својата ефикасност. Опозицијата возвраќа дека промените се неодлучни до таа мерка што не може да се очекува никаков за спомен вреден резултат“- анализира коменататорот во Франкфуртер Рундшау.

Весникот Хелбронер Штиме пак пишува:

„Сите учесници на претстојната средба на врвот ,се обидуваат да ја одржуваат ситуацијата напната. Поради тоа работодавачите во јавноста го испраќаат својот претседател Дитер Хундт со цел уште еднаш да ги преплаши пензионерите. Тој како последен спас за пензискиот фонд го гледа укинувањето на клаузулата за безбедност . Таа клаузула досега го гарантираше редовното зголемување на пензиите . Тешко може да се замисли оти сојузната Влада ќе донесе одлука да проголта една волку горка пилула. Од една страна тоа не е во согласност со германското законодавство, а од друга пак , таквите потези на година и половина пред парламентарните избори би преставувале вистински политички харикири“- пишува Хелбронер Штиме.