1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија – тероризам

7 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BdQd

По спречувањето на терористичките напади и апсењето на тројцата осомничени терористи, во германската јавност се засилуваат заложбите за поострени мерки за безбедност. Министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле го повтори барањето за легализирање на шпиунирањето на приватните компјутери преку интернет. Поддршка за тоа доби од актуелниот претседавач со Конференцијата на министрите за внатрешни работи на 16-те германски покраини Ерхард Кертинг. Тој при тоа нагласи дека мора да биде обезбедена приватноста на граѓаните. За втората иницијатива, веќе обуката во терористички кампови да се прогласи за кривично дело, Шојбле доби поддршка и од помалиот коалиционен партнер во владата, социјалдемократската партија, како и од Централниот совет на муслиманите во Германија.