1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија терор

12 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bf05

Една недела по апсењето на тројцата осомничени за терор во Германија, Унијата Исламски Џихад од Узбекистан, поврзана со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за планираните напади на американската воздушна база Рамштајн и други цели. Сојузниот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле изјави дека групата на интернет објавила соопштение во кое стои дека нападите требало да се изведат до крајот на годинава. Како цели биле наведени и конзулатите на САД и Узбекистан во Германија. Целта на нападите било повлекување на германските војници од воздушната база Термес во Узбекистан.