1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија чекор напред

26 јануари 2007

Германската ракометна репрезентација за чекор поблиску до четвртфиналето на Светското првенство. Домаќините синоќа го совладаа првакот на Африка, Тунис со 35 спрема 28:

https://p.dw.com/p/Aegq
Возбудувањата допрва престојат
Возбудувањата допрва престојатФотографија: AP

Предводена од извонредниот голман Хенинг Фриц кој беше прогласен и за најдобар играч на натпреварот, германската ракометна репрезентација како домаќин, и натаму може да сонува за висок пласман на светското првенство. Тимот на сојзуниот тренер Хајнер Бранд убедливо ја совлада екипата на Тунис. Капитенот Маркус Баур посебно ја истакна играта на голманот Фриц:

„Му даваме чувство дека е важен како и секој од нас, плус уште нешто што веројатно му помогна. Но, што е тоа ќе раскажам другпат„

Во наредните два натпаревара против фаворитот на првенството Франција и непредвидливот Исланд, на Германците им е потребна една победа за место меѓу првите четири во групата и пласман во четвртфиналето.