1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ќе им даде пари на жртвите од Кундус

6 август 2010

По долги консултации со племенските лидери и авганистанските групи за човекови права, Германија се согласи да им исплати компензација на жртвите од воздушниот напад во регионот на Кундус, што се случи во септември 2009.

https://p.dw.com/p/OdOC
Најголем дел од жртвите во Кундус беа цивилиФотографија: AP

По повеќемесечни преговори, германската влада се согласи да им исплати сума од околу 3.800 евра на семејствата на загинатите во нападот во Кундус, за кој наредба даде германски командант, а во кој загинаа над сто цивили. Адвокатите на жртвите бараа далеку поголема отштета, во некои случаи и до 28 илјади евра по семејство. За да се избегнат правни проблеми, компензацијата официјално е претставена како хуманитарна помош.

Портпарол на германското министерство за одбрана соопшти дека независен локален медијатор се сретнал со племенските старешини за да се утврдат семејствата на загинатите во нападот, како и 11-темина кои беа тешко повредени во нападот.

Opfer des Luftangriffs in Kunduz
Жртвите бараат повеќе париФотографија: dpa

Задоцнета отштета, велат жртвите

Според официјалниот извештај на НАТО командата во Авганистан, во воздушниот напад од септември минатата година, кој го наредил германски командант врз две цистерни со гориво киднапирани од талибанците во регионот на Кундус, загинале или биле тешко повредени 142 лица. Најголемиот дел од нив цивили.

„Отштетата е задоцнета“, изјави Бернхард Доке, адвокат на жртвите. „Срамно е што беше потребно толку време за таа да се договори“. Доке оценува дека износот од 5 илјади долари не е адекватен, и планира и натаму да преговара со германските власти за негово зголемување.

Министерството за одбрана треба да ги исплати парите до крајот на август годинава. Целата сума се очекува да биде околу 500 илјади долари.

Автор: Мартин Кублер / Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема