1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската берза стреми кон светскиот врв

11 февруари 2011

На германската берза и` претстои фузија со нејзиниот американски конкурент. Меѓутоа, набљудувачите предупредуваат дека досега веќе неколкупати пропаднале обидите за фузионирање. Кои пречки мора да бидат надминати?

https://p.dw.com/p/10Fcw
Германската берза ќе фузионира со њујоршкатаФотографија: dapd

Наликува на квадратудра на кругот: повторно да се освојат изгубени удели на пазарот, годишна заштеда од околу 300 милиони долари и надминување на голем број пречки. Ова се намерите на њујоршката берза NYSE Euronext и германската берза. „Мора да согледаме дека етаблираните берзи во светот се во извесна дефанзива. Пазарните удели се намалуваат, бидејќи има алтернативни форми за трговија,“ ја објаснува адвокатот Керстен фон Шенк појдовната позиција на њујоршката и германската берза. Доколку и двете не преземат нешто, ќе и` препуштат уште поголем терен на конкуренцијата. Затоа, според берзанскиот работник Дирк Милер, тие се принудени на ваквиот чекор: „Секој мора да види каде се наоѓа, да ги оптимира трошоците и да ги подобри своите структури. Тоа е дел од ваквите фузии.“

Колкави се шансите за фузија?

Оптимирање на трошоците, меѓусебно префрлување на клиентите, сето тоа ќе се случи на товар на работни места. Колку ќе отпаднат со предвидената фузија, во моментов тешко може да се процени, смета Милер. Важно е берзата да се задржи во Франкфурт.

Deutschland Finanzkrise Börse in Frankfurt Börsenmakler DAX unter 5000
Дирк Милер од берзата во ФранкфуртФотографија: picture-alliance/ dpa

Намерата е да се изврши фузија меѓу рамномерни партнери. Меѓутоа Дирк Милер стравува дека германската берза на крајот сепак ќе биде оштетена, иако е проценета на единаесет милијарди евра, далеку повисоко од њујоршката, која вреди седум милијарди долари. Сепак, се’ уште ништо не е одлучено. „Прво акционерите мора да дадат одобрување, потоа надозрниот совет, па одборите, потоа чуварите на конкуренцијата, политиката, уште многу вода ќе протече низ Рајна, додека се улови рибата.“

Шансите фузијата да успее Дирк Милер ги проценува на 30 проценти. Тој се’ уште добро се сеќава на поранешни обиди за фузионирање: „Во последните десет години видовме мноу преземања, фузии на берзите во меѓународни рамки. А видовме уште повеќе обиди.“

Обиди, кои на крајот пропаднале поради ситници или суетност на актерите. Сепак, адвокатот Керстен фон Шенк проценува дека шансите за спојување на берзите во Њујорк и Франкфурт се реални: „Затоа што едноставно е логична мерка, која произлегува од сраснувањето на меѓународните пазари. Но, не смееме да заборавиме, со оглед на споменатите тешкотии, дека трансакцијата е завршена, кога мастилото е суво,“ оценува Фон Шенк, повикувајќи се на своето долгогодишно искуство.

Автор: Петер Кохански/ Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев