1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Надежи за подобар бизнис во Иран

Ролф Венкел/ Симе Недевски30 ноември 2013

По женевскиот договор во спорот за иранската атомска програма, многу компании во Германија се надеваат на ублажување на санкциите против Иран и на повторно заживување на традиционално добрите економски односи.

https://p.dw.com/p/1AQAK
Фотографија: ISNA

Фолкер Трајер, шеф на одделението за надворешна трговија на Индустриската и трговска комора на Германија (ДИХК), со воодушевување гледа на Иран како на старо-нов трговски партнер: „Иран не само што има многу неискористени ресурси, туку има и долга традиција на тргување со Германија. Оваа земја исто така има и инфраструктура, како и искуство во производството на индустриски производи“, вели Трајер за ДВ.

Обемот на трговија меѓу двете држави е во суштина многу скромен- минатата година тој не достигна ни три милијарди евра. Доколку дојде до укинување на санкциите, прво би морало да се уреди платниот промет, бидејќи за време на санкциите, европските банки речиси потполно се повлекоа. „Трговијата мора да се поттикне со пари. Парите се крвта на економијата“, вели Трајер.

Капка во море

И Даниел Бернбек, директор на Меѓународната трговска комора во Техеран, смета дека платниот промет кој речиси и да не постои, „е најоптоварувачки ефект на санкциите бидејќи директно влијае на трговијата“. Бернбек забележува и оти расте заинтересираноста на иранските деловни луѓе за информации за Германија- но тоа сепак не може да се оцени како „еуфорија“. „За сега во игра се само мали суми. Ако земете превид дека Иран годишно имаше повеќе од 100 милијарди долари од извоз на нафта и гас, тогаш 4 милијарди за 6 месеци се само капка во море.“
Па сепак, Французите и Германците долгорочно можат и тоа како да се надеваат на добра деловна соработка. Една новинска агенција известува дека и Американците планираат трговска офанзива, но тоа не може да ги исплаши германските стручњаци за надворешна трговија. На крајот, не можат толку лесно да се избришат речиси три децении одлично пријателство. Фолкер Трајер и тоа како може да замисли оти обемот на трговија наскоро ќе достигне двоцифрена сума во милијарди.

Заспан џин

Германците во понудата имаат соодветна палета производи: „Станува збор за апсолутно класични германски производи, значи, автомобили, машиноградба, хемиска и електроиндустрија“, вели Трајер. На Иран со неговото 77 милионско претежно младо население, му е потребно токму тоа што Германците можат да го понудат: инвестициски и инфраструктурни можности. „За нас Иран е заспан џин.“
Покрај тоа Германија и нејзината економија имаат во Иран голем углед, истакнува Даниел Бернбек. „Нашите курсеви за образование и доквалификација ги посетуваат годишно околу 1.000 лица.“ Германија го поддржува трансферот на знаење, вели Бернбек. Со еден стручен курс во Германија, дури и ако сте биле само занаетчија, потоа важите за „господин инженер“ и тоа ви овозможува општествено искачување. „Тоа важи и денес и ние како трговска комора ги користиме тие можности.“, истакнува Бернбек.

Konsum von Kosmetikartikel im Iran
Фотографија: BEHROUZ MEHRI/AFP/Getty Images