1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската „Обаманиja“ спласна

Џеферсон Чејс / Александра Трајковска 19 јуни 2013

Кога пред пет години дојде во Берлин, кандидатот Барак Обама беше славен како крал. При неговата сегашна посета како претседател ќе мора да утврди дека „Обаманиjа“-та е минато.

https://p.dw.com/p/18roa
Фотографија: Getty Images

Три насловни страници на неделникот „Шпигел“ покажуваат колку се смени перцепцијата на јавноста во однос на Барак Обама. Во 2008 година, кратко откако сенаторот од Илиноис беше избран за прв претседател на САД со темна боја на кожата, неделникот го прогласи Обама за „Претседател на светот“. Неполни четири години подоцна списанието желеше за „неуспешно претседателство“ и предвидуваше дека Обама ќе ги загуби претстојните избори.

Сега, кратко пред првата посета на Обама како претседател на САД, редакцијата на „Шпигел“ го отсликува претседателот под една (голема) слика на Џон Ф. Кенеди. Насловот овојпат гласи: „Загубен пријател“.

Во главната сторија на неделникот понатаму се аргументира дека на Германија повеќе не и' е потребен јуначки пример од САД и дека дури тоа и не го сака.

„[Happy End ], по четири и пол години на функција, засега нема“, пишуваат авторите на „Шпигел“. „Како што Кенеди не можеше да ја заврши реконструкцијата на својата држава и Обама мораше да разочара - тоа што по прашањата за национална безбедност понекогаш се чини побезмилосен од неговиот претходник, ги шокираше пред се' неговите приврзеници“.

2008., кога кандидатот Обама го одржа неговиот говор пред Столбот на победата во Берлин, од масите и медиумите беше славен како спасител, кој ќе им стави крај на несаканата ирачка војна и ароганцијата на владата на Буш. Сега во германските медиуми владее одредена разочараност за тоа - што Обама навистина направи, а што не. Актуелниот скандал со шпионажа е само еден пример.

Barack Obama an der Siegessäule in Berlin 2008
Како рок ѕвезда: Обама пред Столбот на победата во Берлин во 2008 годинаФотографија: picture-alliance/dpa

Светот, меѓутоа, од 2008. година до денес се смени. Финансиската криза на впечатлив начин покажа колку станаа глобални и вмрежени најважните теми на денешницата. Тоа јасно го релативираше значењето на односите меѓу одделни нации - дури и меѓу еден цел континент и една одделна нација

„Стариот континент“, пишуваат авторите на „Шпигел“ „исто така повеќе не се потпира на еден сјаен американски јунак, уште помалку не на спасител, оти оваа улога САД во 21. век секако повеќе не можат да ја играат, дури и ако сакаат“.

Без еуфорија

Јавното мислење, како што се претставува во медиумите, никогаш не е идентично со она што луѓето навистина мислат. Кога Обама ќе го одржи својот говор денеска (19.06.) пред Бранденбуршкта порта, пред себе ќе види голема и воодушевена публика. 90 проценти од Германците би гласале за него на американските избори минатата година.

Obama wird erster schwarzer US-Präsident
Обама е првиот американски претседател со темна боја на кожатаФотографија: picture-alliance/dpa

Но и покрај тоа, еуфоријата меѓу неговите фанови во Берлин стивна.

„Можеби е до него, можеби до целото општество, но некако тоа што беше посебното исчезна“, вели 38-годишната менаџерка Хаген. „Целата приказна со набљудувањето... мислам, се знаеше дека најверојатно има такво нешто, но сепак шокира, кога такво нешто ќе излезе на виделина“.

Исто така и фактот што затвореничкиот логор Гвантанамо во мандатот на Обама, и покрај ветувањата, се' уште не е затворен, не им се допаѓа на Германците.

Натамошна причина за намалувањето на одушевувањето од Обама едноставно се состои во тоа што неговите млади приврзеници станаа повозрасни. На пример Мајке, страсна обожавателка на Обама на изборите во 2008 година, која денес има 34 години. Сега двегодишната ќерка и' црпи поголем дел од енергијата.

The American Way Die USA in Deutschland Ausstellung Haus der Geschichte Bonn Obama
Еуфоријата во меѓувреме се намалиФотографија: DW/N. Fischer/Stiftung Haus der Geschichte

„Да кажеме: Сега ги читам насловите на политичките написи, порано ги читав целите написи, последно што ми падна в очи беше 'Obama is watching your emails'", вели таа. „Но верувам дека интерно, му се поставуваат многу камења на патот“.

Во очите на многу Германци овој исклучителен политичар го одржа своето главно ветување: тој ги повлече американските трупи од Ирак и тој, барем површно, ја направи американската надворешна политика поотворена и поглобална. Внатрешно-политички спорни точки, на пример реформа на здравствениот систем или масовните американски државни долгови,имаат помала релевантност за луѓето, кои се оддалечени илјадници километри од Вашингтон.

Трезвени, но полни со почит односи

Како кандидат Обама уште во 2008 година сакаше да одржи говор пред Бренденбуршката порта, но сметките му ги помати канцеларката Ангела Меркел. Причината -тоа познато место е резервирано за државници. Сега Обама добива шанс, да говори точно на тоа место, каде Роналд Реган во 1987 го повика Михаил Горбачов да го урне Берлинскиот ѕид.

Наспроти многумина нејзини сограѓани, Ангела Меркел никогаш не беше целосно обземена од харизмата на Обама.

Merkel Obama G8 Camp David
Не се големи пријатели, но се почитуваатФотографија: Reuters

„Германската канцеларка Меркел уште од самиот почеток избегна секаков впечаток на 'Обаманија'“, вели за Дојче веле експертот за Америка, Јоханес Тим, од Фондацијата Наука и политика.

„Во меѓувреме, меѓу Меркел и претседателот Обама се етаблираше трезвен, работен однос полн со почит. Двајцата знаат дека се потребни еден на друг. Обама, помалку од неговиот претходниок Џорџ Буш, во односите со другите шефови на влади е понесен од личните симпатии. Дека сојузната канцеларка ја смета за важен сојузник, покажа во 2011 година, кога и' го додели медалот за слобода“.

Средбата на двајцата државници би требало да биде релативно опуштена, а Обама ќе ужива мала во малата пауза од постојаните внатрешно-политички кавги. 2013-та, меѓутоа, е изборна година во Германија и Обама ќе добие неколку непријатни прашања околу аферата со шпионажата.

„За агендата на разговорите досега не е познато ништо“, вели Тим. „Аферата околу надгледувањето на податоците од страна на НСА сигурно ќе се тематизира, оти госпоѓа Меркел се наоѓа во изборна кампања и не може да го игнорира возбудувањето во германската јавност за откритијата. Фокусот, меѓутоа, најверојатно ќе биде повеќе на темите како економската криза во Европа, планираниот трансатлантски договор за слободна трговија и односот кон сирискиот конфликт.“

Еуфоријата од неверојатното искачување на Обама во најмоќен човек на светот можеби е мината, без тој целосно да можеше да ја искористи. Но, колку подолго трае вториот мандат на Обама, толку повеќе фокусот ќе биде насочен кон неговото политичко наследство, а не кон неговиот политички потенцијал.