1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германска дебата за Турција

14 декември 2004

Неколку дена пред очекуваниот заклучок на Европската унија за почеток на преговори за членство на Турција, се заострува спорот меѓу германската влада и партиите на Унијата околу политиката кон Турција. Партиите на Унијата вчера потврдија дека во случај на изборна победа во 2006 година, ќе направат се да го спречат членството на Турција во ЕУ.

https://p.dw.com/p/AcJ5

Сосема е можно според Унијата Турција да стане изборна тема, изјави генералниот секретар на Социјално-христијанската партија Маркус Седер.

“Ние, ЦДУ и ЦСУ ќе се бориме за тоа на 17 декември да не се донесе заклучок во Брисел чија прва цел би била преговори за членство. Ако пак тоа се случи, тогаш преговорите да се одвиваат отворено. Оваа тема во 2006 ќе биде една од најважните изборни теми за Бундестагот“.

Претседателката на Демохристијанската партија Ангела Меркел најави дека во случај на преземање на владата во 2006, ќе го напушти патот на црвено-зелената коалиција за целосно членство на Турција во Европската унија:

“Секако е јасно дека ние, до колку во 2006 ја преземеме владината одговорност, сосема јасно ќе се обидеме да одиме по наш пат, кој не е пат за целосно членство на Турција во Европската унија“.

Германскиот канцелар Герхард Шредер, при една посета на претседавачот на Европската унија, холандскиот премиер Јан Петер Балкененде во Берлин. Потврди дека станува збор за преговори чија цел е членство. Најавата на баварскиот премиер Едмунд Штојбер дека Унијата ќе се обиде во европските институции да го спречи почетокот на преговорите за членство, Шредер ги коментира спокојно:

“Господин Штојбер повремено се преценува и не е моја работа да ги коментирам неговите преценувања. Ние заедно сметаме дека сигналот мора да се вика: станува збор за преговори чија цел е членство. Секако, тој процес мора отворено да се води, но целта мора да биде јасна“.

Во дебата се вклучи и претседателката на зелените Клаудија Рот која и префрли на Унијата:

“Она што го прави ЦДУ-ЦСУ за ова прашање во последниве недели, така да се каже, секој викенд, полека добива карактер на крстоносен поход, вантрешно политички се однесува како потпалувач“.