1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германска поддршка за мировните преговори

АТ/ дпа/ афп/ дв11 август 2013

Германскиот министер за надворешни работи е во посета на Израел. Со овој потег тој сака да ја искаже германската поддршка за новите мировни преговори на Израел со Палестинците.

https://p.dw.com/p/19NfJ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле на Израел и на Палестинците им вети германска поддршка при новите мировни преговори. „Ние ќе играме конструктивна улога и ќе пружиме поддршка“, рече Вестервеле денеска (11.08) во Ерусалим по средбата со израелската министерка за правда Ципи Ливни (на насловната фотографија). Мировните преговори се од интерес на двете страни, на регионот и на целиот свет.

Со посредство на САД Израел и Палестинците пред две недели повторно ги оновија мировните преговори по повеќегодишна пауза. Целта е да биде постигната согласност за решение со две држави во рок од девет месеци.

Ливни од своја страна побара од Европската унија да го ревидира својот строг курс во однос на израелската политика на населбите во Западниот брег, за да не се попречат мировните преговори. „Познато е дека конфликтот меѓу Израел и Палестинците за жал понекогаш ги нарушува и односите меѓу Израел и ЕУ“, рече Ливни. „Мислам дека ваквото врзување е нешто, што мораме да го одбегнеме“.

ЕУ изминатиот месец најави дека Израел од 2014 година нема да добива натамошна финансиска помош, стипендии и други програми за унапредување на ЕУ, доколку и натаму гради нелегални населби на Западниот брег и во Источен Ерусалим.

Израел по овој бојкот од ЕУ на израелските населби смета дека се загрозени идните договори со Европската унија. Затоа владата на Израел засега нема да потпише еден научен проект со ЕУ.

Во меѓувреме израелската цивилна управа одобри изградба на повеќе од илјада нови станови за еврејските доселеници во Западниот брег. САД ги критикуваа плановите.

Израелската политика за населбите се смета за една од најтешките спорни точки во новите преговори, кои треба да довдеат до решение со две држави.

Утре германскиот министер во Рамала на Западниот брег треба да се сретне со претседателот на Палестинците Махмуд Абас и премиерот Рами Хамдала.