1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот извоз и годинава во пораст

28 март 2007

По четврти пат едноподруго, германското стопанство во минатата година се закити со титулата светки првак во извозот. Иако за тоа не може ништо да се купи, сепак ја покажува конкурентската способност на овдешните фирми. И годинава извозот останува столб на конјунктурата.

https://p.dw.com/p/AeIw

Машини, тешки возила и хемиски производи, тоа се ѕвездите на германскиот извоз кој во минатата година со плус од 14 проценти фантастично отиде напред. Така сјаен не беше стартот во тековнава година, но сепак Антон Бернер, претседател на здружението за извоз, е убеден во добрата иднина. Според сите изгледи, германскиот извоз и годинава ќе достигне 977 милијради евра, односно ќе порасне за 9 проценти што е многу повеќе од претпоставеното. Во истиот размер ќе расте и увозот, но тој е далеку под извозот. На тој начин суфицитот се проценува на 180 милијарди евра, што би бил нов рекорд, вели Бернер:

„Излезе попозитивно од нашите предвидувања. Американската економија не е толку робустна, а во Азија се тече како и порано, јасно„.

Во основа Европската унија останува главниот регион за продажба на германските производи. Скоро две третини од извозот и повеќе од половината увоз се одвива во земјите членки на Унијата. Посебно динамично со плус од 12 проценти тече трговијата со земјите од средна и источна Европа, меѓуота надпропорционално растат пазарите надвор од Европската унија.

Плус од по 20 проценти Бернер очекува за Русија и Кина, 15 проценти за земјите од АСЕАН и 10 проценти плус во Соединетите Американски Држави. Кога станува збор за Иран, Бернер вели:

„Иако германското стопанство со скепса гледа на санкциите, тоа се приклучува без пардон кон политиката. Ако дојде до трговски санкции, ќе бидат прифатени. Иран треба да избере разумност и да не ја одбива понудената европска рака„.

Покарј развојот во Иран, но и во целиот регион на Блискиот исток има несигурности што можат да влијаат врз порастот на извозот. Бернер го подвлекува и развојот на каматите, зашто Европската централна банка кон крајот на годината ги подигна есконтните камати на преку 4 проценти. Здружението критички ја коментира и секоја форма на протекционизам. Мораат да бидат преиспитани трговските инструменти за заштита во Европската унија, зашто Европа долгорочно може да има успех во светот, само ако се одвива слободна трговија. Притоа, Бернер зборува за целата Европска унија. Европа со две бризни не е добра.

Здужението за извоз гледа шанси за пораст и надвор од европскиот заеднички пазар. Од тие причини и притиска за либерализација на светската трговија. Од Брисел доаѓаат јасни сигнали дека во преговорите во Светската трговска организација има движења на тој план. Антон Бернер гледа обврска на политиката и кај заштитата на интелектуалната сопственост:

„Мора јасно да се каже и од политичка и од економска страна, дека кражбата на интелектуалната сопстевност е криминал и дека припаѓа во подрачјето на организираниот криминал, подеднакво како и трговијата со луѓе или дроги. Тоа не смее да се остави во зоната на мотото:’е, па може да се случи’, како што сакаат да се шегуваат Кинезите„.

Многу помалку Бернер е загрижен од фактот дека Кина најдоцна во 2009 година, а можеби уште во наредната година, ќе ја преземе титулата светски првак во извоз. Тоа не е драма. Германскиот извоз и натаму ќе расте и ќе обезбедува нови работни места. Веќе сега 8 ипол милиони работни места, односно секое петто во Германија, зависат од извозот:

„Дури и ако Кина битката ја реши во своја полза, тоа е добра вест и не значи никаква опасност за германското стопанство. Во овој случај важи правилото: колку е побогат нашиот клиент, толку е побогат нашиот бизнис„.