1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот одговор на Џоана К. Роулинг

25 април 2005

За Корнелија Функе не знаат многу Германци , но затоа оваа писателка на детски книги , продава милионски тиражи ширум светот. Нејзините дела кај децата и нивните родители имаат култен статус сличен на оној на Хери Потер , кој направи од Џоана К. Роулинг писателска суперѕвезда

https://p.dw.com/p/AeUp
Корнелија Функе
Корнелија ФункеФотографија: dpa

Таа е германски одговор за Џоана Роулинг , авторката на книгите за Хери Потер. Но Корнелија Функе , одржува низок профил , па дури не добро позната ниту во нејзината родна земја . Но тоа може набргу да се промени.

Познатиот магазин Тајм ,ја објави листата на 100 луѓе кои извршиле најголемо влијание во светот во последната година. На неа се наоѓаат тројца Германци , и тие не се можеби оние на кои најнапред би помислиле . Канцеларот Герхард Шредер воопшто не се споменува ,а ниту министерот за надворешни работи Јошка Фишер . На листата ги нема ниту врвните директори на германските концерни ниту познатите научници.

Наспроти тоа во неа се вбројани седумкратниот шампион во Формула еден Михаел Шумахер , кардиналот Јозеф рацингер , кој во меѓувреме стана и Папа . Трета на листата е Корнелија Функе , најпродаваната писателка на детски книги , чив свет на фантазија ги воодушевува читателите ширум светот.

Нејзините ликови не се меѓу оние : најдобрите луѓе. Тие често се грамзиви , превртливи , злобни . комплицирани и инаетчии- секогаш се тридимензионални и без исклучок привлечни. Во фантастичните приказни на Корнелија Функе , ликовите се движат низ освежувачки непредвидливи заплети , кои се секогаш многу забавни за читателите.

„јас сакам да им покажувам на децата нешта кои и јас ги сметам за извонредни . На пример Венеција. Секако постојат работи кои го преокупираат човековиот ум , како неверојатниот недостаток на сочуство кое се јавува толку често во односите меѓу луѓето и животните или меѓу луѓето . Јас се обидувам секогаш овие работи да ги вклопам во приказната. Но сепак приказната е најважна“ –вели Функе.

Поранешната илустраторка на книги на започнала да пишува сопствени дела пред 15 години . Повеќето од нив беа бестселери .

Германците меѓутоа сеуште ја немаат забележано оваа писателка со светска слава како што тоа доликува. Најчесто родителите се оние за кои името Корнелија Функе има специјално значеење со оглед дека може да се види насекаде во рамките на секциите за детски книги во библиотеките и книжарниците , или пак е дел од листата на желби на нивните деца.

46 годишната писателка досега има продадено повеќе од 3 милиони примиероци од своите дела, освојувајќи притоа голем број престижни признанија . нејзините најпознати дела „Кралот на крадците“ „Јавач на змејови“ и „Срце од мастило“ се преведени на повеќе од 20 јазици .

„Човек би лажел , би рекле , дека вакво нешто не му се годи“ Точно е дека во моментов моите дела стигнуваат до милиони деца . Доколку тоа значи дека децата на пример од Америка сакаат Европејка да им раскажува приказни , тогаш тоаа воопшто не е лоша работа“ –вели скромната Функе, кој не е многу трогната од големиот број награди но и од местото кое и го определи магазинот Тајм меѓу 100 највлијателни луѓе во светот во минатата година .

Корнелија Функе едноставно продолжува да го прави она што најдобро го знае –да пишува.

Во моментов таа работи на продолжението на нејзината најпопуларна книга Срце од мастило , кое ќе се нарекува Крв од мастило . Како и нејзината колешка од Велика Британија Џоана Роулинг , таа ќе продолжи со секоја нова книга да ги враќа како децата така и возрасните , кон задоволството на читањето .

А тоа е навистина нејзината најголема цел.