1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот туризам и светското првенство

8 март 2006

Годинава германците во јуни ќе останат дома за да го следат првенството, а на одмор ќе заминат подоцна

https://p.dw.com/p/AeMO
Хотелот Кемпински во Фалкенштајн-тука ќе биде базата на бразилската репрезентација
Хотелот Кемпински во Фалкенштајн-тука ќе биде базата на бразилската репрезентацијаФотографија: Fernando Gutierrez

Кога во јуни во Германија ќе започне светското првенство во фудбал, мнозинството граѓани на Германија ќе сакаат да останат дома. Но ниту светскиот шампионат не може да ја потисне желбата на германците за патување. Имено она што туристичката бранша ќе го загубиза време на првенството, ќе биде надокнадено во периодот потоа. Според една студија само четири проценти заради светското првенство ќе го жртвуваат годишниот одмор. Истражувањето покажува дека на германците најтешко им паѓа штедењето, кога се во прашање годишните одмори, набавката на животни намирници или здравјето. Туристичките агенции годинава очекуваат за 4, до 5% поголем обрт во однос на 2005 година. Хорст Опашовски раководител во институтот за истражување на слободното време вели:

„ Прогнозата за 2006 година е исклучително позитивна. Луѓето речиси веќе седат покрај спакуваните куфери. Две третини од граѓаните имаат цврста намера некаде да патуваат и тоа не само на кратко. Според нашите сознанија годишните одмори стануваат се` подолги. Трендот на кратките патувања е запрен„

Од осумдесетите години одморите на германците им стануваа се` пократки. Поранешниот просек од 18 работни денови во 2004 падна на 12 денови. Но во последните години германските граѓани изгледа сватија дека дека кратките викенд патувања не можат да бидат замена за тринеделен одмор. Најомилена земја во која германците го минуваат одморот и натаму е Германија. Меѓутоа, одморот во сопствената земја како да губи на атрактивност. Некогаш 69% од вкупните патувања беа во рамки на Сојузната Република. Денеска тој процент изнесува 32% со тенденција на натамошен пад. На домашните туристички региони им е се` потешко да се афирмираат во конкуренција на земјите кои имаат доста сонце, вели Хорст Опашовски:

„ Внатрешниот пазар во споредба со странство и натаму го губи својот дел. Но интересна е конкуренцијата меѓу поедини туристички региони. Баварија и натаму е неприкосновена на врвот, потоа следуваат Балтичкото и Северното море„

Интересно е што и покрај регистрираните бслучаи на птичји грип на островот Риген, засега никој не го откажал уплатениот одмор на најомилениот германски туристички остров. По пат на интернет дури и се регистрираат нови резервации во очекуваните рамки.

Инаку веќе со години Шпанија, Италија, Австрија и Турција се најомилените дестинации. По популарнсота се повеќе се приближуваат и други земји како, Хрватска, Словенија, Полска, Унгарија, Словачка и Грција. Повторно во тренд се и далечните патувања. Пред се на Карипските острови, а се повеќе се популарни дестинации како Кина, Јапонија или Индија.