1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските жени светски прваци во фудбал

13 октомври 2003
https://p.dw.com/p/Aeoi

Германија од вчера повторно е некој и нешто во фудбалот, повторно е светски првак. За овациите сепак не се погрижија Кан, Бобиќ, Рамелов, туку играчи или попрецизно фудбалерки како што се Биргит Принц и Силке Ротенберг, кои повеќе денови по ред и покажаа на германската фудбалска нација колку убав и истовремено колку успешен може да биде фудбалот. Победата над Шведска со златен гол во продолжението беше среќна, но не и незаслужена. Затоа што рамномерно силните а технички можеби малку и подобрите Шваѓанки не ја искористија прекрасните шанси за гол во одлучувачките ситуации од регуларното време. Овој пораз за Швеѓанките е особено горчлив, бидејќи и пред две години тие загубија од германските дами во Европското првенство - исто така со златен гол во продолжението.

Иако уште од времето на Сеп Хербергер знаеме дека топката е тркалезна и дека по играта е пред играта - што треба да значи дека само што ќе се исушат разочарувачките солзи, повторно ќе се шутира и тоа со надеж повторно на ниво на ова светско првенство. Финалето секако не беше најубавиот дел од турнирот, но беше впечатлива фудбалска демонстрација на техника, ангажман, брзина, срчаност и стратегија. Во речиси секоја фаза фудбалерките знаеја што треба да направат со топката и покажаа дека умеат да владејат со топката дури и во жешки ситуации. И самото тоа беше сласт за очите и ја издигна женската репрезентација далеку над со години здодевните шутови на нивните машки колеги, кои постигнуваат респекатбилни резулати уште само против второ- и третокласни екипи, но затоа ги полнат страниците на жолтиот печат.

Лудориите на Оливер Кан, како на пример викањето од радост при постигнувањето гол на напреварот против Исланд - го отсликува отприлика нивото на игра машката германска репрезентација. Ова не може ни да се спореди со радувањето од срце на фудбалерките при победа или постигнување гол на ова светско првенство - и тоа не само на завршниот натпревар, иако повеќето од нив не се професионалки.

Ова светско првенство во САД беше врвно фудбалско достигнување. Но, во крајно искомерцијализираниот свет на спортот, во кој телевизијата у рекламите одлучуваат дали еден вид спорт ќе го биде или не, женскиот фудбал досега за жал нема речиси никаков имиџ, а со тоа и никакво лоби кај ФИФА. Тоа е повеќе од жално, бидејќи на таков начин на овој сегмент на светски најсупешниот вид спорт, кој покажа извонредни достигнувања, му се заканува или преран крај или во секој случај споредно живуркање во фудбалскиот свет во кој доминираат мажите