1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските претпријатија - мотор на соработката со земјите во развој

10 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AeSi
Приватните претпријатија можат да дадат значен придонес во процесот на соработка со земјите во развој, па дури и да станат мотор на развојот. Со обединување на јавните и на приватните услуги може да се постигне значаен ефект - приватните претпријатија да останат подолго време ангажирани во земјите во развој. Тие прифаќаат економски ризици, а услугите на германската државна развојна соработка го надополнуваат и го прошируваат ангажманот.

Засилениот ангжман на претпријатијата е дотолку повеќе важен, бидејќи и во индустриските земји и во земјите во развој се намалуваат можностите за давање развојни импилси само со државни мерки. На пример, со години наназад стагнира финансискиот обем на јавната развојна соработка на сите големи донатори на околу 50 милијарди долари годишно. Од друга страна при глобализацијата на светската економија се создаваат многу нови точки за поврзување и за контакти меѓу државната развојна сароботка и приватните претпријатија. Претседателот на Светската банка Џејмс Волфенсон во овој контекст вели: "Проблемите на развојот не можат да бидат решени преку билокаква единствена институција, туку само ако соработуваме со владата на некоја земја и при тоа ги обединиме и јавните и приватните учесници."

И во земјите во развој приватниот сектор презема се повеќе задачи од јавниот. Оттука на двете страни расте интересот за партнерство. Германското министерство за економската соработка и развој веќе го има прифатено овој принципи. Од почетокот на примената на ваквото развојно партнерство во втората половина на деведесеттите години па досега поддржани се над 1.000 вакви проекти во околу 70 партнерски земји. Палетата на подрачја е многу широка - од совладување на сида до цертифицирање. При тоа во проектите учествуваат од транснационални компании како што е ДајмлерКрајслер па се до мали инсталатерски претпријатија. Во рамките на соработката досега се мобилизирани вкупно 4,7 милијарди евра. Од нив само 1,8 милијарди евра се од државни извори , пред се од буџетот за развој на германската влада, а останатите 2,9 милијарди евра од претпријатијата.

Зголемениот ангажман на приватиот сектор не е само во земјите во развој, туку уште повеќе во подрачја кои се од посебен развојно политички интерес. Тие инвестираат во образование, машини, згради. Вршат трансфер на модерна технологија и придонесуваат во разрешување на проблеми во екологијата и инфраструктурата. Извезуваат, создаваат работни места и приходи. Тоа го прават пред се во сопствена полза - со оглед на добивката, но валвиот ангажман носи и повеќеслоен придонес за развој на партнерските земји. Тоа е и причината поради која министерството за развој ги форсира ваквите проекти.