1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските шефови се песимисти

ЖА/дв/дпа/афп24 октомври 2012

Финансиските пазари се чини се опоравуваат, но германското стопанство останува скептично. Ифо-индексот покажува - расположението кај претприемачите во октомври шести пат по ред се влошува.

https://p.dw.com/p/16Vcl
sklimaindexФотографија: picture alliance/dpa

Индексот Ифо, важен показател за деловната клима, во октомври се намалил од 101,4 на 100,00 поени.

„Германското конјуктурно небо се прекрива со темни облаци“, изјави претседателот на Институтот Ифо, Ханс Вернер Зин денеска (24.10) на прес-конференцијата во Минхен.

Анкетираните стопанственици актуелната состојба ја оцениле како влошена во однос на септември. Очекувањата за идната состојба на стопанството остануваат и натаму на ниско ниво. Најважниот германски конјуктурен барометар паѓа веќе од мај поради слабите изгледи за пораст на конјуктурата и нерешената должничка криза во Европа. Банкарските економисти за октомври всушност очекуваа мало подобрување по стабилизирањето на состојбата на финансиските пазари. Но, во индустријата расположението и натаму опаѓа, зашто стопанствениците се значително помалку задоволни со својата актуелна деловна состојба. Капациттеите не се целосно искористени. И во трговијата и градежништвото деловната клима е се‘ посива. За индексот на деловната клима Ифо секој месец анкетира околу 7 илјади претпријатија.