1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски исламисти сѐ почесто заминуваат за Сирија

Арне Лихтенберг/Ристо Ѓоргиев24 септември 2013

Германската агенција за разузнавање има забележано тренд кој експертите го сметаат за алармантен. Зголемен број Германци заминуваат за Сирија за да и помогнат на опозицијата, а патем можеби и се радикализираат.

https://p.dw.com/p/19eBH
Фотографија: Sam Tarling/AFP/GettyImages

Додека меѓународната заедница се договара како да одговори (ако воопшто одговори) на нападот со хемиско оружје од 21 август, за кој се обвинуваат силите на сирискиот претедател Башар Ал Асад, некои млади германски исламисти ги превземаат работите во свои раце.

Меѓу нив се луѓе кои пропатувале илјадници километри од Хамбург до Сирија, сѐ со цел да ги подржат бунтовничките групи кои се борат против Асад. Некои имаат патувано со автомобил, додека други најпрво слетале во Турција, пред да ја поминат сириската граница. Докази собрани од страна на јавниот радио сервис, НДР, покажуваат дека десетина млади исламисти само од Хамбург, заминале да се борат во сириската грѓанска војна од почетокот на 2013 година. Каролин Фроме кој ја истажуваше темата за НДР вели: „Она што остава силен впечаток е дека тие се многу млади, во некои случаи тие имаат едвај 18 или 19 години“. Повеќето од нив имаат германско државјанство но доаѓаат од имигрантски семејства посочуваа таа.

Syrien Gefechte
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/SANA

Сомнителна поврзаност

„ Од безбедносните официјални лица дознавме дека тие делумно биле активни во младински организации во Хамбург“ рече новинарката. Таа додава: „некои од нив биле во контакт со Хизб-у-Тахрир, која е забранета во Германија, поради нејзиното спротиставување на уставните принципи“. Постојат сомневања дека пан-исламската група регрутира млади луѓе во Германија.

Една џамија во градот Кил, североисточно од Хамбург, е предмет на истрага на германското разузнавање веќе со години. Неодамна, џамијата Ибну Тајмија се најде на насловните страни, кога Германецот со чеченско потекло Асланбек Ф. почина во Сирија. Се верува дека Асланбек Ф. се приклучил на организирана мрежа на џихадисти, откако најнапред стапил во контакт со нив во џамијата во Кил. Торстен Фос е заменик-шеф на хамбуршката секција на германската безбедносна агенција-Сојузна служба за заштита на уставниот поредок, и одблиску ја следи исламистичката „сцена“ во земјата. Опишувајќи ги мотивите на нејзините членови тој вели:„Тоа се луѓе кои го подржуваат џихадот, а сакаат да се радикализираат така што ќе се вклучат во борбени дејствија“. Тој уште додава дека оние кои се под опсервација на властите само финансиски ги помагаат исламистичките групи.

Syrien Konflikt Aleppo Rebellen
Фотографија: Reuters

Заминување во се поголем број

Како и да е, многумина од оние кои се поврзуваат со овие групи не се класификувани како исламисти. Фос верува дека младите луѓе кои патуваат во Сирија, делумно го прават тоа затоа што сакаат да бидат видени таму од своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи. Тие често позираат со оружје затоа што тоа им помага да ја „зацементираат“ својата репутација на хамбуршката екстремистичка сцена.

Информациите кои што ги има Сојузната служба за заштита на уставниот поредок, сугерираат дека таа интерпретација е можеби точна. Шестмина од нив се вратиле во Хамбург само по неколку недели во Сирија. Сепак, тешко е да се утврди што правеле на патот кон и во Сирија, и дали сите од нив имаат стигнато на нивната целна дестинација.

Безбедносните служби забележале дека 120 луѓе од Германија кои патувале во Сирија се осомничени дека подржуваат исламистички групи. Овој број се зголемил драматично во последниве месеци. Министерот за внатрешни работи на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Андреас Брајтнер изразува загриженост од опасноста кои овие индивидуи можат да ја донесат доколку натамношно се радикализираат и се вратат со поголема подготвеност за насилство. Брајтнер исто така посочува дека некои од нив добиле обука во терористички кампови.

Шефот на Сојузната служба за заштита на уставниот поредок, Ханс-Георг Маасен, има слично видување на ситуацијата. Тој вели:„ кога ќе се вратат тие често се гледани како херои, емоциите се толку силни што постои опасност дека тие што се враќаат можат да подготват напади во Германија или да охрабрат други да го направат истото“.

Syrien - Rebellen im Kampf
Фотографија: Getty Images

Ризик за Германија?

Новинарката на НДР, Каролин Фроме верува дека не постојат конкретни планови за напади во Германија. Таа додава: „шестмина од оние кои се вратија од Сирија или научиле како да користат оружје или стекнале нови контакти, и безбедносните структури сега одблиску ги надгледуваат“.

Германските власти имаат механизми да се обидат да ги спречат исламистите да ја напуштат земјата, како што е на пример суспендирање на документите за патување, па сепак некои од нив успеваат да ја напуштат земјата. Многу е лесно да се влезе во Сирија преку Турција, и затоа многумина лесно стигнуваат во близина на Сирија, користејќи само лична карта.